Трновградска тврдина

(Пренасочено од Царевец)

Тврдината Царевец или Трновградската тврдина се наоѓа во градот Велико Трново, Бугарија. Тврдината била седиште во времето на Втората Бугарска држава. Првото населување и постоење покрај оваа тврдина датира уште во 4200 п.н.е. Во 5 век, на тоа место се наоѓал византискиот град Зикидева, кој бил разрушен при инвазијата на Словените во 7 век. Во наредните векови, оваа место сè повеќе заживувало. Во 12 век, Трново станал престолонина на Бугарија. Така, на ова место биле изградени царскиот дворец и Патријаршијата. Комплексот бил заштитен од ѕид со должина блиску 2 километри и ширина до 2,6 метри. Тврдината имала три порти. Главниот влез, како и останатите два влеза биле реставрирани во 19 век односно XX век.

Тврдина Царевец
Карта
Општи податоци
ГрадВелико Трново
ЗемјаБугарија

Во внатрешноста на дворецот постоела црквата Света Петка, во која биле откриени три сакрофази, каде биле погребени некои бугарски цареви. Моштите на царевите биле на тие места сè до паѓањето на Трново под Османлиска власт. Така, по доаѓањето на Османлиите, дворецот бил разрушен.

Надворешни врски

уреди

Царевец Архивирано на 26 јануари 2009 г. и Трапезица Архивирано на 21 јануари 2009 г. на страницата www.bulgariancastles.com. (бугарски)(англиски)

 
Трновградска тврдина