Црква „Св. Недела“ - Матка

црква во Македонија

Света Недела — средновековековен православен христијански храм во урнатини, сместен високо во кањонот Матка во месноста Марков Град од левата страна на реката Треска.[1] Оваа црква се смета дека е изградена во XIII или XIV век, истовремено со изградбата на блиските околни цркви и манастири Свети Никола Шишевски (од спротива), Свети Андреја (југоисточно во долот), Свети Спас (непосредно северно) и Успение на Пресвета Богородица.

Света Недела

Поглед остатоците на црквата „Св. Недела“ над кањонот Матка

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Координати 41°29′51″N 22°22′02″E / 41.49750° СГШ; 22.36722° ИГД / 41.49750; 22.36722
Место Матка
Општина Сарај
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела
Изградба XIII - XIV век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Градба

уреди

Црквата Света Недела е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Изградена е од кршен камен, делкан локален камен — варовник и керамички материјал. Според остатоци од камени сводови, може да се заклучи дека куполата се наоѓала над олтарниот дел, при што црквата имала речиси ист или сличен изглед како блиските цркви Свети Никола и Свети Андреја. На дел од ѕидините во внатрешната страна сè уште стои дел од фрескоживописот на црквата. Врз ѕидовите од внатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација со неколку светители во олтарниот дел, потоа фигурата на Света Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид, а постарата литература од 1912 годнна забележала дека десно од светителката бил портетот на ктиторот кој и го пружа моделот на црквата.

Ископувања

уреди

Централниот станбен објект со правоаголна основа беше археолошки ископуван. Резултатите покажаа дека животот во него се одвивал низ 14. век во исто време кога егзистирала и црквата. Откриени бројни делови од грнчарија, потоа животински коски. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот помеѓу 1350-та и 1360-тата година.[2] Се претпоставува дека во него жпвеел господарот на Матка - Бојко. Народната месна традиција се раскажува за убавата Бојана господарка на овој град, која бранејки го од Турците за да не им падне во раце се самоубила скокајќи во реката. Тука е очигледна сличноста на имињата: Бојана - Бојко. Западниот подград е голем 120 × 50 метри. Опфатен со силен одбранбен ѕид, широк 1,80 м, на едно место сочуван во височина до 3 метри, и тој се наоѓа веднаш западно под црквата на самиот нејзин влез. Најверојано во минатото оваа црква била селска црквата на некогашното (сега непостоечко) село Ивање кое според преданијата во една дупка (дол, рупа) имало црква посветена на Света Недела каде за време на селската слава се приредувал голем собор на кој „по седумдесет“ ивањски девојки пееле и играле оро[3]

Денес

уреди

Иако црквата е во рушевини, сепак таа е доста посетено место од верници и планинари. Во нејзе постојат повеќе икони од светицата Недела, Богородица и Исус Христос, како и кандило за палење свеќи. Во непосредна близина на црквата е изграден летниковец од страна на планинарите.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. http://mn.mk/turizam/1644-Matka-3-del[мртва врска]
  2. http://www.mn.mk/istorija/1428-MATKA---Vekovno-svedostvo-i-ziva-istorija
  3. Трифуноски, Ф. Јован За средновековните села на манастирот Св. Андреја крај Треска. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје, Историско-филолошки оддел, кн.4, бр.2, Скопје 1951. стр. 6

Надворешни врски

уреди