Црква „Пресвета Богородица Хавијара“

црква во Бер, Егејска Македонија

Пресвета Богородица Хавијара (грчки: Παναγία Χαβιαρά) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел до парохијата „Сретение Господово“.[2]

Пресвета Богородица Хавијара
Παναγία Χαβιαρά
Поглед на црквата
Карта
40°31′15″N 22°11′56″E / 40.52083° СГШ; 22.19889° ИГД / 40.52083; 22.19889
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска
„Свети Никола“, XV век

Црквата е подигната на крајот од XIV век како еднокорабен храм. По архитектонските зафати на крајот од XV и почетокот на XVI век, претворена е во трикорабна базилика со дрвен покрив и припрата. Од првичниот храм е зачуван само источниот ѕид. Внатре се зачувани забележителни фрески од XIV век — Богородица, Благовештение, Вознесение, од XV век — Страшниот суд, а од XVI век — Сретение, Рождество, Крштение, Успение Богородично, Христос во окови и други.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Παναγία Χαβιαρά“. Discover Veria. Посетено на 28 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 28 јули 2016.