Црква „Пресвета Богородица Љокали“
Пресвета Богородица Љокали (грчки: Παναγία Λιόκαλη) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот се наоѓа во северниот дел на градот и по него е наречено тамошното маало.
Пресвета Богородица Љокали | |
---|---|
Παναγία Λιόκαλη | |
41°5′53″N 23°33′25″E / 41.09806° СГШ; 23.55694° ИГД | |
Место | Сер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1951 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Црквата е изградена на местото на средновековниот ставропигијален манастир „Пресв. Богородица Илиокалу“ (Μονή Παναγίας Ηλιοκάλλου). Богородица Илиокалу е позната од 1323 г. Во 1326 г. е споменат како метох на светогорскиот манастир Филотеј, а во 1477 г. како сопственост на Кушничкиот манастир. Храмот е ограбен и опожарен од бугарската војска при нејзиното повлекување од градот за време на Втората балканска војна во јуни 1913 г.[1] Во 1951 г. е обновен без да се води сметка за нејзиниот дотогашен архитектонски облик.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Βουρουτζίδης, Χαράλαμπος. „Βυζαντινά και μεταβυζαντινά μνημεία της πόλης“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 13 мај 2014.
- ↑ Παπακυριάκος, Κυριάκος. „Βυζαντινές Αρχαιότητες“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 2014-05-14. Посетено на 13 мај 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Пресвета Богородица Љокали“ на Ризницата ?