Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Љубојно
Воведение на Пресвета Богородица (или Св. Богородица Пречиста) — црква во преспанското село Љубојно. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Воведение на Пресвета Богородица
| |
Влезот на црквата гледан отстрана | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Подмочанско-љубојнска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°53′36.8″N 21°8′29.8″E / 40.893556° СГШ; 21.141611° ИГД |
Место | Љубојно |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Изградба | XVII век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Црквата е сместена во источниот дел на селото. Низ годините врз неа се извршени многу промени.[1] Претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и влез од запад.[1] На југозападниот агол има немалтерисан камен на кој е издлабена годината 1852. Дел од иконите на иконостасот исто така говорат дека во средината на ХІХ век се направени големи измени во храмот.[1] Другиот дел од иконите се од периодот од 1929 до 1937 година.[1] На источниот ѕид на олтарниот простор е зачуван живопис, кој според стилските особености се датира во XVII век.[1][2] Внимание заслужуваат композициите „Богородица со Христос“ во калотата на апсидата и „Вознесение Христово“ во горните партии.[1][3]
Слики
уреди-
Царските двери
-
Живописот во олтарот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина. Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 36. Архивирано од изворникот на 2015-07-03. Посетено на 4 јули 2015.
- ↑ „Цркви“. visitpelagonia.mk. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 27 февруари 2014.
- ↑ Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 17–18. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-22.
Надворешни врски
уреди- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Љубојно на Ризницата ?