Црква Свети Никола Набереженски (Киев)

Црквата Свети Никола (украински: Церква Миколи Набережного) е црква која се наоѓа во Подолскиот реон на Киев, Украина.

Црква Свети Никола
Церква Миколи Набережного
Поглед кон компексот цркви
Карта
МестоКиев
ЗемјаУкраина
Историја
Основана1772
Посветена наУАПЦ
Архитектура
Архитект(и)Иван Григорович Барски
Стилукраински барок
Завршена1775
Внатрешност на црквата, поглед кон иконостасот

Православниот храм бил изграден во периодот од 1772 до 1775 година[1][2], а за главен архитект на црквата бил избран Иван Григорович Барски. Поголемиот дел од црквата е сочуван и е во својот оригинален изглед.[3]. Своите најтешки моменти црквата ги доживеала во времето на Советскиот Сојуз, кога била затворена во 1960 година. По падот на комунизмот, црквата била повторно отворена, и денеска се наоѓа под контрола на Украинската православна црква - Московска патријаршија.

Според легендата, првата црква на ова место била изградена во текот на 11 век во близина на брегот од реката, даде се удавило едно бебе за да подоцна истото бебе повторно биде вратено во живот[3]. Првите пишани извори за црквата датираат од средината на 16 век. По пожарот од 1677 година, храмот бил уништен целосно а по ова на истото место била изградена дрвена црква. Таа црква била разрушена од страна на Козаците во 1750-титње години. Така, денешната црква со мали измени била изградена во 1775 година[1] .

Легенда

уреди

Според народното верување, храмот е посветен на Свети Никола. Легендата започнува со удавувањето на едено бебе во реката Дњепар. По овој настан, неговите родители се помолиле пред моштите на Свети Борис и Глеб, и откако пристигнале во Киев, своето живо бебе го пронашле во катедралата Света Софија, пред иконата на Свети Никола.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Толочко Л. І. Подільські храми Києва / Л. І. Толочко, М. Г. Дегтярьов. — К.: Техніка, 2003. — 176 с.:іл. — (Нац. святині України) ISBN 966-575-036-4
  2. Золотоверхий Київ. Фотоальбом. — К.: Спалах. — 1995. —160 с.: іл.
  3. 3,0 3,1 Галайба В. Храми Св. Миколая в Києві / В. Галайба. — К.: Вид-во «Бібліотека українця», 2002. — 64 с.