Црвен превртен триаголник

Црвениот превртен триаголник се користеше како значка која мораа да ја носат политичките затвореници во нацистичките концентрациони логори. Нацистите ја одбраа црвената боја бидејќи комунистите беа тие кои први ја носеа. Покрај комунистите ја носеа и либералите, анархистите, социјалдемократите, слободните ѕидари(масони) и други членови на опозициските партии. Голем број од оние кои го носеа црвениот траиголник беа сместени во Дашо концентрациониот логор.