Цицвара — вид храна, составен дел на српската, црногорската, крајишката и источнохерцеговската кујна. Се подготвува од жолто или бело пченкарно брашно со додавање на кајмак (скорупа). При подготовката мора да се внимава растопениот кајмак да биде под површината. Јадењето настанало на Дурмитор како Божиќна чест.[1]

Цицвара
Подготовка на цицвара
Место на потекло Србија
 Црна Гора
 Република Српска
Температура на послужувањетопла, или ладна
Главни состојкипченкарно брашно

Се сервира во чинии.[2] Се јаде со лажица. По желба се прелева со мед. Како прилог се служат компири и леб.[1]

Со задоволство се става пред гостите (во Црна Гора со исечена свинска пршута, претставува најголема можна чест за оној пред кој се става).[3]

Начин на подготовка и состојки

уреди

Потребни состојки:[2]

  • ½ л вода
  • 200 гр зрел кајмак
  • 200 гр пченкарно брашно

Кајмакот ставете го во жешка вода и ставете на шпорет да се вари на тивок оган. Кога водата ќе зоврие, полека додавајте го пченкарното брашно и полека мешајте со дрвена лажица додека цицварата не се згусне.[1] Доколку користите инстант качамак, варете онолку колку што пишува на кесичката.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Tajna prave božićne cicvare“. life press magazin. Посетено на 5 февруари 2020.
  2. 2,0 2,1 „cicvara“. Coolinarka. Посетено на 5 февруари 2020.
  3. „Cicvara“. Вasta balkana. Посетено на 25 јануари 2020.

Извори

уреди