Цигарлак[1][2]моден детаљ, тенко цевче во кое се вметнува цигара и се користи за пушење. Во минатото најчесто се правел од сребро, жад или бакелит, додека денешните цигарлаци најчесто се изработуваат од современи пластични материјали. Цигарлаците се сметале за суштински дел од женската мода од средината на 1910-тите до почетокот на 1970-тите.

Цигарлак со цигара

Цигарлаците се прават од наједноставни материјали, а поретко може да се најдат направени од емајл, рог, школки или скапоцени материјали, како што се килибар или слонова коска.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди