Милениумскиот Центар (српски: Центар Миленијум) е мултифункционална спортска сала која се наоѓа во Вршац, Србија. Салата е домашен терен на кошаркарскиот клуб КК Хемофарм, а нејзината сместивост изнесува 5,000 места. Салата иста така се користи и за концерти и за други настани.

Милениумски Центар
Место Вршац, Србија
Отворен 5 април, 2001
Сопственик
Архитект Петар Арсиќ
Игра КК Хемофарм (2001–сега)
Гледачи

Историја

уреди

Салата била официјално отворена на 5 април, 2001 година. Салата била домаќин на групата А на Европското првенство во кошарка 2005, на кошаркарското натпреварување на Летната Универзијада 2009 и на групата Д од Европското првенство во ракомет за мажи 2012.

Салата исто така ќе биде домаќин и на групата Д од Европското првенство во ракомет за жени 2012.[1]

Наводи

уреди
  1. „Србија - домаќин на женското ЕП 2012“. Архивирано од изворникот на 2012-06-21. Посетено на 2012-07-07.

Надворешни врски

уреди

45°7′5.05″N 21°18′38.52″E / 45.1180694° СГШ; 21.3107000° ИГД / 45.1180694; 21.3107000