Целзиусов степен

(Пренасочено од Целзиусовата скала)
Формули за претворање на Целзиусов степен
од Целзиусов степен во Целзиусов степен
Целзиус [°C] = [K] − 273,15 [K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт [°F] = [K] × 95 − 459,67 [K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин [°R] = [K] × 95 [K] = [°R] × 59

Целзиусовата скала (Celsius) е скала за изразување на температура. Го носи името на нејзиниот изумител, шведскиот астроном Андерс Целзиус (1701 — 1744). Целзиусов степен (°C) е одредена температура на Целзиусовата скала, а самата мерна единица што го изразува тој интервал се нарекува целзиус (со мали букви)[1]. Сè до 1948 единицата се нарекувала центиград (од лат. centum = „сто“ и gradus = „степен“[2]).

Домашен ѕиден топломер што мери Целзиусови и Фаренхајтови степени

Од 1744 до 1954, 0 °C се сметале за точка на мрзнење на водата, а 100 °C за нејзината точка на вриење, обете при притисок од една стандардна атмосфера. Иако овие определници се застапени во образованието и денес, единицата „Целзиусов степен“ и Целзиусовата скала по меѓународен договор денес се дефинираат според две точки: апсолутната нула и тројната точка на водата[3]. Оваа дефиниција дава прецизен сооднос помеѓу скалите на целзиусот и келвинот, која пак е основна единица на SI за термодинамичка температура (симбол: K). Апсолутната нула, коај е хипотетичка и недостижна температура при која материјата има нулта ентропија, се дефинира како точно 0 K и −273,15 °C. Температурната вредност на тројната точка на водата изнесува точно 273,16 K и 0,01 °C.[4]

Со оваа дефиниција, величината на Целзиусовиот степен и Келвинот се утврдени како точно 1 дел од 273,16 (прибл. 0,00366) на разликата помеѓу апсолутната нула и тројната точка на водата, така израмнувајќи ги величините на двете единици. Покрај ова, дефиницијата ја утврдува разликата помеѓу нултите точки на двете скали како точно 273,15 Целзиусови степени (−273,15 °C = 0 K и 0 °C = 273,15 K).[5]

Позастапени температури

уреди

Еве некои температури што почесто се среќаваат и нивните вредности на трите најзастапени скали.

Сооднос на најважните скали
Келвин Целзиус Фаренхајт
Апсолутна нула
(точно, по дефиниција)
0 K −273,15 °C −459,67 °F
Точка на вриење на течен азот 77.4 K −195,8 °C[6] −320,3 °F
точка на топење на сув мраз 195,1 K −78 °C −108,4 °F
точка на топење на H2O (прочистен мраз)
[7]
273,15 K 0 °C 32 °F
Тројна точка на водата
(точно, по дефиниција)
273,16 K 0,01 °C 32,018 °F
Телесна температура 310,15 K 37,0 °C 98,6 °F
Точка на вриење на водата при 1 атм (101.325 kPa)
(приближно)
373,1339 K 99,9839 °C 211,971 °F

Споредба на скали

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „целзиус“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. „центиград“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  3. се работи за посебно подготвена вода со кратенка VSMOW
  4. „SI - Брошура, поднаслов 2.1.1.5“. Меѓународно биро за тегови и мерки. Посетено на 9 мај 2008. (англиски)
  5. „Најважното од SI: Основни и изведени единици“. Посетено на 9 мај 2008. (англиски)
  6. Lide, D. R., ed. (1990–1991). Handbook of Chemistry and Physics. 71st ed. CRC Press. p. 4–22.
  7. Точката на мрзнење на прочистената вода изнесува 0,000 089(10) Целзиусови степени.

Надворешни врски

уреди