Формули за претворање на Ранкинов степен
од Ранкинов степен во Ранкинов степен
Целзиус [°C] = [K] − 273,15 [K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт [°F] = [K] × 95 − 459,67 [K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин [°R] = [K] × 95 [K] = [°R] × 59

Ранкинов степен (°R) — интервал на термодинамичката (апсолутна) температурна скала, наречна Ранкинова скала по нејзиниот изумител, шкотскиот инженер и физичар Вилијам Џон Ранкин, кој ја осмислил во 1859 г.

Симболот за ранкин (како име на единица, со мали букви) е °R[1] (или °Ra ако има потреба да се разликува од ремерот и реомирот). Како и кај Келвиновата, нулата на Ранкиновата скала означува апсолутна нула, со тоа што Ранкиновиот степен е еднаков на фаренхајтот, наместо на целзиусот. Температурата од −459,67 °F е еднаква на 0 °R.

Некои инженерски гранки во САД ја мерат термодинамичката температура на Ранкиновата скала.[2] Меѓутоа научниците во целиот свет мерат во келвини.[2] Националниот институт за стандарди и технологија не ја препорачува употребата на ранкинот заедно со неговите стандарди.[1]

Еве некои температури на Ранкиновата сакала:

Келвин Целзиус Фаренхајт Ранкин
Апсолутна нула
(по дефиниција)
0 K −273,15 °C −459,67 °F 0 °R
Точка на мрзнење на водата[3] 273,15 K 0 °C 32 °F 491,67 °R
Тројна точка на водата
(по дефиниција)
273,16 K 0.01 °C 32,018 °F 491,688 °R
Точка на вриење на водата[4] 373,1339 K 99,9839 °C 211,97102 °F 671,64102 °R

Споредба на скали

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 B.8 Factors for Units Listed Alphabetically - Guide for the Use of the International System of Units (SI), NIST Special Publication 811, 2008 edition, Ambler Thompson and Barry N. Taylor
  2. 2,0 2,1 http://www.physorg.com/tags/temperature/
  3. Точката на мрзнење на прочистената вода изнесува точно 0,000089(10) Целзиусови степени - вид. Magnum, B.W. (1995). „Reproducibility of the Temperature of the Ice Point in Routine Measurements“ (PDF). Nist Technical Note. 1411. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-03-07. Посетено на 11 февруари 2007.
  4. Стандардна прочистена вода VSMOW при една стандардна атмосфера (101,325 kPa)

Поврзано

уреди