Цар Ослободител (споменик)
Споменикот Цар Ослободител е споменик кој се наоѓа во градот Софија, Бугарија.
Споменик Цар Ослободител | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Софија |
Земја | Бугарија |
Споменикот бил изграден во чест на ослободувањето на Бугарија од Отомаската Империја во 1878 година. Овој споменик е посветен на рускиот цар Александар II. Споменикот во вид на скулптура го претставува рускиот цар седнат на коњ. Автор на споменикот е италијанскиот уметник Арналдо Ѕоки (1862-1940).
Камен-темелникот бил ставен на 23 април 1901, а работата е завршена на 15 септември 1903 година. На спротивната страна од споменикот се наоѓа парламентот на Бугарија, а во негова близина се наоѓа храмот Александар Невски, Софискиот универзитет и други позначајни градби.