Хусеин Сулејман (турски: Hüseyin Süleyman; Куманово , 1900 - Скопје, 1963) — македонски раскажувач за деца и драмски автор.

Животопис

уреди

Сулејман е роден во Куманово во 1900 година. Повеќе години бил учител. Како млад покажал интерес за литературата, за културното минато на турската националност во Македонија. Голем број статии од областа на литературата, историјата и културата објавил во весникот „Бирлик“. Пишувал за деца и младина, кои се објавени на детската страница на весникот „Бирлик“, на страниците на детските списанија „Севинч“ и „Томурџук“. По неговата смрт е објавена збирка раскази за деца. Пишувал и драмски творби со мотиви од народното творештво „Алиши“. Починал во Скопјево 1963 година.[1]

Наводи

уреди
  1. Fahri Kaya, GökkuþaŸý, say. 9, Üsküp,1985.