Џамија Хусамедин Паша - Штип

џамија во Штип, Македонија

Џамијата Хусамедин Паша е муслимански храм кој се наоѓа во Штип, Македонија. Џамијата се наоѓа во составот на Штипското муфтиство.

Џамија Хусамедин Паша
Поглед кон џамијата
Основни податоци
МестоШтип, Македонија
Припадностислам
ЕпархијаОпштина Штип
Осветен16 век
Духовно-организациски статуснеактивна
ВодствоШтипско муфтиство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија

Џамијата била изградена во втората половина на 16 век. Христијаните во Штип сметаат дека џамијата била изградена врз темели на црква посветена на Свети Илија.

Според познатиот турски патописец Евлија Челебија, кој во 1662 година, престојувал во градот Штип, џамијата била изградена со камено минаре и оловен покрив[1]. Џамијата според традицијата била изградена со донација на пари од самиот Хуса Медин Паша[2]. Веднаш до џамијата се наоѓа гробот на Хуса Медин Паша[3].

Џамијата има квадратен облик во основата, со шестостран тамбур што лежи директно врз четирите странични ѕидови и полуобличеста купола.

Наводи

уреди
  1. Евлија Челеби, Патописи (Сејјахатнама, стр. 343
  2. http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2147&stID=74217&pR=5
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-08-26. Посетено на 2015-09-05.