Хронологија на серијалот Хари Потер

Хронологијата на Хари Потер серијалот е временски период на измислените настани од Хари Потер романите напишани од Џ. К. Роулинг, заедно со додатните материјали постирани на нејзиното мрежно место и издадени во безброј интервјуа. Времето покрива настани кои се однесуваат на или се случуваат во романите. Се појавува и во друга медија, како DVD копии од филмовите создадени од Warner Bros. Роулинг сега ја заврши седмата книга именувана Хари Потер и Реликвиите на смртта.

Фокусот на приказните е волшебната заедница која постои покрај земскиот свет на Нормалните. Овие паралелни заедници ја делат истата географија и хронологија,[1] но настаните на земскиот свет се само претставени толку што одстапуваат од вистинската светска историја.

Временскиот период содржи маани, за кои Роулинг одвреме-навреме признава, а понекогаш и ги противречува или не се согласува со вистинските календарски денови и датуми за настаните кои се опишани.[2][3] Сепак, временскиот период е станат општо прифатен за настаните во романите.[3]

Датумите овозможени во временскиот период се изведени од малкуте информации овозможени од Роулинг, или директно од нејзините книги, од нејзиното мрежно место, порнајдени во издадени интервјуа, или од други издадени материјали. На пример семејното дрво на Блек, за првпат споменато во петтата книга од серијалот, Редот на фениксот беше проширено и донирано во аукција за добротворни цели.[4] Таа проширена верзија вклучува датуми на раѓање и датуми на умирање на некои клучни ликови.[3]

Warner Bros. е продуцентот на Хари Потер филмовите, и ги држи авторските права и заштитните знакови поврзани со Хари Потер медијата. DVD изданијата од филмовите Одајата на тајните, Затвореникот од Азкабан и Огнениот пехар, го содржат временскиот период на настаните, кои се случуваат во текот на филмовите и во нарацијата на романите. Warner Bros. првично го развиле временскиот период како дел од специјалните пакети за Хари Потер и Одајата на тајните (2002) DVD-то. Роулинг ги прегледала временските периоди и направила неколку промени пред да ги да бидат прогласени за „официјални“.[3]

Временскиот период следен во романите не е строго наметнат во филмовите. Во филмскиот серијал, Лондон и предградијата на Сари прикажуваат помодерно, опкружување како од 21 век. Ова е демонстрирано од вклучувањето на скорешни британски автомобили и одредени други предмети, како телевизор со рамен екран во куќата на Дарслиеви. Покрај тоа, употребата на Западноминистерската станица во петтиот филм е недоследна, бидејќи беше целосно променета за Џубли лајн екстензијата, која се отвори во 1998, три години по настанот.

Наводи

уреди
  1. Jeremy Gilbert (28 ноември 2001), Harry Potter and the Third Way (PDF), OpenDemocracy, Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-11-22, Посетено на 2009-06-14
  2. „Redhen on Chronology“. Архивирано од изворникот на 2007-10-06. Посетено на 2009-06-14.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 The Years in Which the Stories Take Place at Harry Potter Lexicon
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име BFT-news.