Христијански центар во Република Македонија

Христијански Центар во Република Македонија — евангелско-протестантска црква и е дел од Евангелско-протестантската иницијатива.

Христијански Центар во Република Македонија
Кратенка490
Основана1995
ВидЦрква
РегионМакедонија Македонија
ПрипадностЕвангелско-протестантска иницијатива

Почетоци

уреди

Пентекостната црква започнала со средби по домови, но и разни настани и концерти во 1993 година, со понагласена харизматичност од онаа на евангелската црква. Значајна улога имала шведската црква и мисио­нерот Томи Науман од Шведска. Во 1995 година, црквата службено започнала со функционирање како Христијанска пентекостна црква во Република Маке­донија, со пастор Александар Вулетиќ. Во евангел­ската црква, на негово место дошол Мирчо Андреев.

Христијанската пентекостна црква, следната година почнала да делува и во Гевгелија и Гостивар, каде што наишле на успех и приклучување на 40-мина луѓе, но поради големиот притисок од месниот право­славен свештеник и месното население, службата таму престанала. Потоа започнале богослужби по домови во Велес.

Христијанската пентекостна црква, којашто подоцна го зела името Христијански центар во Република Македонија, во 2004 година во Скопје има три месни цркви со 130 верници, не сметајќи ги децата; потоа има две месни цркви во Велес, каде што водач е Никола Кимов со 70 членови, и заедници во Струга, Гевгелија, Богданци, Кавадарци со по десетмина верници. Во Струмица и околината има 60 верници.[1]

Наводи

уреди
  1. Јован Јоновски, Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, Скопје, 2017.