Христина Ристеска

македонска спринтерка и атлетичарка

Христина Ристеска — македонска атлетичарка.

Резултати уреди

Во дисциплината 400 метри, личен рекорд на Ристеска е 57,47 секунди.[1]

Меѓународни настапи уреди

На Европското првенство во атлетика, одржано во Цирих, во август 2014 година, Ристеска го освоила последното место во квалификациите на трката на 400 метри, со време од 57,47 секунди, што било нејзино најдобро време.[2]
Во март 2015 година, Ристеска ја претставувала Македонија на Европското атлетско првенство во сала, кое се одржало во Прага, каде настапила на трката на 400 метри.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Пандев и Ристеска на ЕП во сала“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 19.
  2. „Пандев не го истрча својот најдобар резултат на ЕП“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 20.