Храмова црква (Лондон)
Храмовата црква или Темпал (англиски: Temple Church) е црква која се наоѓа во Сити, Лондон, Англија. Таа се наоѓа помеѓу Флет стрит и река Темза. Објектот датира од 12 век, а бил изграден од страна на витешкиот ред Темплари, или официјално осветен на 10 февруари 1185 година, кога на церемонијата приосуствувал и самиот ерусалимски патријарх Ираклиј. Освен тоа, се верува и дека самиот крал Хенри II бил присутен на осветувањето.
Храмова црква Temple Church | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Лондон, Англија |
Митрополија | Сити |
Земја | Обединетото Кралство |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Сер Кристофер Рен |
Во оваа црква се наоѓаат неколку сакрофази на витези, изработени од камен, кои ги симболизираат гробовите на темпларите.
Во текот на својата историја, црквата на неколкупати била реновирана или оштетувана. Нејзино најголемо оштетување предизвикал големиот пожар од 17 век. По ова, црквата била реновирана од страна на големиот архитект Кристофер Рен. Оваа црква се среќава во контроверзниот филм Кодот на Да Винчи од американскиот автор Ден Браун.