Хофре Борџија (1482-1522) бил најмладиот син на папата Александар VI и неговата љубовница Ваноза Катај. Тој е брат на Лукреција Борџија [1], Чезаре Борџија и Џовани Борџија. Хофре се оженил за Санча од Арагон, ќерка на неаполскиот крал Алфонсо II. Како мираз го добил принципатот Сквиллаче, а по политичките превирањата во Неаполското кралство, го добил округот Алвито (1497).

Хофре Борџија
Санча и Хофре
Дворецот на грофот од Алвито

Хофре и Санча, имале 12 и 16 години кога бил склучен нивниот брак, има претпоставка дека тие биле модели за момчето и девојката на уметникот Пинтурчио за неговата Расправа на Св. Катерина каде биле претставени како млад пар во љубовта. Бракот бил политички. Алфонсо II прифатил неговата ќерка да се омажи за Хофре во замена за признавање на правото над неаполскиот престол од страна на папата Александар VI. Меѓутоа по склучувањето на бракот политичката состојба се променила. Францускиот крал Шарл VIII претендирал над Неаполското кралство и навлегол во Италија по што започнала војна помеѓу Шпанија и Франција.

Во текот на овој период Хофре и Санча претежно живееле во Рим, каде наводно Санча имала афера со постарите браќа на нејзиниот сопруг, Чезаре и Џовани. Според некои извори, Хофре бил во лоши односи со својот татко папата Александар VI. Тој го сметал својот син за слабак поради недостаток на интерес за политиката и јавно го оспорил своето татковство над Хофре. Во 1497 година папата Александар VI јавно ја објавил невиноста на Хофре во врска со убиството на неговиот брат Џовани Борџија, бидејќи имало многу гласини дека Ховре е всушност главниот инспиратор на убиството, пради наводната љубовна афера помеѓу Џовани и Санча.

За време на војната на 1499-1504, кога Шарл VIII од Франција се обидел да го освои Неапол, Хофре застанал на страната на Франција, но кога тој бил заробен од Просперо Колона ја сменил страната и се приклучил на Шпанците. Таквиот потег предизвикал бунт во Алвито.

Хофре го испратил кондотиерот Фабрицио Колона во 1504 година да го задуши бунтот, кој го платил со парите од папскиот трезор кои ги стекнал по смрта на својот татко папата Александар VI. По задушувањето на буната ја воспоставил својата власт во Алвито и Сквиллаче.

По две години починала неговата жена Санча, а шпанскиот крал Фердинанд II од Арагон, тогашен валдетел на Неаполското кралство му одзел Алвито, но како вазал на Неапол го задржал Сквиллаче.

Вториот брак на Хофре бил со Марија де Мила, тие имаале деца четири, најстариот од нив, Франческо Борџија ја наследи неговата земја и титулата на принц од Сквиллаче. Потомците на Хофре упарвувале со Сквиллаче сè до 1735 година кога оваа гранка на фамилијата Борџија исчезнала.

Извори

уреди
  1. Sarah Bradford, Lucrezia Borgia, Milano, Mondadori, 2005.