Хотелот Пера Палас (турски: Pera Palas Oteli) е хотел којшто се наоѓа во населбата Тепебаши, во областа Бејоглу, Истанбул, Турција.[1] Хотелот бил изграден во 1892 година, за потребите на патниците од Ориент Експрес и името го добил според местото каде што се наоѓа. Тој е еден од постарите хотели во градот и затоа ја има титулата на “стар европски хотел во Турција“.

Хотел Пера Палас
Pera Palas Oteli
Поглед кон хотелот
Поглед кон хотелот
Податоци за хотелот
Место Бејоглу, Истанбул, Турција
Отворен 1892
Затворен 2006

во хотелот имаат преноќувано голем број на познати кралеви, кралици, државници и уметници од целиот свет, вклучувајќи ги и Мустафа Кемал Ататурк, Агата Кристи, Џорџ V од Англија, Вилхелм II од Германија, Франц Јосиф I, Николај II од Русија итн.

Местоположбата на хотелот во градот зазима значајна улога. Во негова непосредна близина се наоѓа улица Истиклал, плоштад Таксим и некои странски конзули, како на пример англискиот, швердскиот, рускиот, холандскиот итн.

Хотелот во 2006 година бил целосно затворен. Моментално доживува целосна овнова и реставрација, а неговото повторно отворање треба да се случи во април 2010 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

41°01′52″N 28°58′25″E / 41.03111° СГШ; 28.97361° ИГД / 41.03111; 28.97361