Хосе Мухика

уругвајски политичар, поранешен претседател на државата

Хосе Алберто „Пепе“ Мухика Кордано (шпански: José Alberto "Pepe" Mujica Cordano; р. 20 мај 1935) — уругвајски политичар кој бил 40-ти претседател на Уругвај помеѓу 2010 и 2015 година. Тој е поранешен герилски борец во редовите на тупамаросите и бил затворен 13 години за време на воената диктатура во земјата во 1970-те и 1980-те. Како член на коалицијата на левичарски партии, Мухика бил министер за сточарство, земјоделство и рибарство од 2005 до 2008 година, а потоа сенатор. Како кандидат на левичарската коалиција, тој победи на претседателските избори во Уругвај во 2009 година и ја презел функцијата Претседател на 1 март 2010 година.

Мухика и неговата сопруга

Мухика го опишуваат како „најскромниот претседател на светот“ поради неговиот скромен животен стил и донирањето на 90% од неговата месечна плата од 12.000 американски долари во добротворни прилози во корист на сиромашните и малите претприемачи.

Надворешни врски

уреди