Хомо деус: Кратка историја на иднината

Хомо деус: Кратка историја на иднината (хебрејски: ההיסטוריה של המחר, англиски: The History of the Tomorrow) – книга од Јувал Ноа Харари, професор на Еврејскиот универзитет во Ерусалим. Книгата првично била издадена на хебрејски во 2015 година, на англиски била издадена во септември 2016 година во Обединетото Кралство, а на македонски јазик во 2019 година.

Хомо деус: Кратка историја на иднината
АвторЈувал Ноа Харари
Изворен насловההיסטוריה של המחר
ЗемјаИзраел
Јазикмакедонски
хебрејски (оригинал)
англиски
француски
кинески
германски
холандски
дански
португалски
полски
Предмет(и)Цивилизација
Технологија и цивилизација
Човештво
ИздавачТри (на македонски)
Издадена
2019
Страници449
ISBN978-608-230-667-4
ПретходнаСапиенс: Кратка историја на човечкиот род 
Следна21 лекција за 21 век 

Како и во нејзиниот претходник, Сапиенс: Кратка историја на човечкиот род, Харари го раскажува текот на историјата при што опишува настани и поединечни човечки искуства, како и етичките прашања поврзани со неговото историско истражување. Сепак, Хомо деус повеќе се занимава со способностите што ги стекнуваат луѓето (Homo sapiens) во текот на нивното постоење и нивната волуција како доминантен вид во светот. Книгата ги опишува човековите тековни способности и достигања и се обидува да наслика слика на иднината. Се дискутираат многу филозофски теми, како хуманизмот, индивудализмот, трансхуманизмот и смртноста.

Резиме

уреди

Книгата има за цел да ги испита можностите на иднината на Homo sapiens. Претпоставката нагласува дека во текот на 21 век, човештвото веројатно ќе се обиде да стекне среќа, бесмртност и божествени моќи. Низ книгата, Харари отворено шпекулира со различни начини како оваа амбиција би можела да се оствари во иднина врз основа на минатото и сегашноста.[1]

Homo sapiens го освојува светот

уреди
  • Првиот дел од книгата го истражува односот меѓу луѓето и другите животно, истражувајќи што довело до доминација на првите.

Homo sapiens му дава значење на светот

уреди
  • Од јазичната револуција, пред некои 70.000 години, луѓето живееле во „интерсубјективна стварност“, како државите, границите, верата, парите и компаниите, сите создадени за да овозможат широка и флексибилна соработка меѓу поедините човечки битија. Човештвото е издвоено од животните со човечката способност да верува во овие интерсубјективни конструкции кои постојат само во човечкиот ум и кои му даваат сила преку колективното верување.
  • Огромната способност на човештвото да им дава значење на своите постапки и мисли е она што му овозможува многу достигнувања.
  • Харари тврди дека хуманизмот е облик на религија која го обожува човештвото наместо Бога. Хуманизмот го става човечкиот род и неговите желби како врвен приоритет во светот, во кој самите луѓе се претставени како доминантни битија. Хуманистите веруваат дека етиката и вредностите извираат интерно од секој поединец, а не од надворешен извор. Во текот на 21 век, Харари верува дека хуманизмот може да ги поттикне луѓето да бараат бесмртност, среќа и моќ.

Homo sapiens ја губи контролата

уреди
  • Технолошкиот развој ја загрози континуираната способност на луѓето да им дава значење на нивните животи. Харари сугерира можност за замена на човечкиот вид со натчовек, или „homo deus“ (човек-бог) обдарен со способности како вечен живот.[2]
  • Последната глава сугерира можност дека луѓето се алгоритми, и како таков Homo sapiens не може да доминира во светот каде големите податоци стануваат парадигма.
  • Книгата завршува со следното прашање упатено кон читателот:

    „Што ќе се случи со општеството, политиката и секојдневниот живот кога несвесните, но високоинтелигентни алгоритми ќе нè познаваат подобро отколку што се познаваме ние себеси?“.[3]

Награди и почести

уреди
  • Магазинот Тајм го наведе Хомо деус во десетте најдобри нефантастични книги во 2017 година.[4]
  • Велком ја ставил Хомо деус на списокот за нивната награда за книга наr 2017 година.[5]

Преводи

уреди

Книгата е преведена на следниве јазици:

  • Англиски: септември 2016
  • Шпански: октомври 2016
  • Португалски: ноември 2016
  • Турски: декември 2016
  • Кинески: јануари 2017
  • Германски: февруари 2017
  • Холандски: февруари 2017[6]
  • Унгарски: април 2017
  • Хрватски: мај 2017
  • Италијански: мај 2017
  • Корејски: мај 2017
  • Фински: септември 2017
  • Француски: септември 2017
  • Норвешки: 2017
  • Грччки: декември 2017
  • Чешки: декември 2017
  • Дански: август 2017
  • Словенечки: 2017, 2019
  • Литвански: февруари 2018
  • Персиски: март 2018
  • Романски: март 2018
  • Руски: март 2018
  • Бугарски: април 2018
  • Полски: април 2018
  • Украински: мај 2018
  • Албански: јуни 2018
  • Виетнамски: јули 2018
  • Јапонски: септември 2018
  • Српски: септември 2018[7]
  • Маратхиски: ноември 2018
  • Тајландски: септември 2019
  • Македонски: 2019
  • Монголски: 2020

Забелешки и наводи

уреди
  1. Харари, Јувал Ноа (2019). Хомо деус: Кратка историја на иднината. Скопје: Три. стр. 74–75. ISBN 978-608-230-667-4.
  2. Shalev, Amichay (6 May 2015). "ההיסטוריה של המחר": להרוג את המוות“. Ynet (хебрејски). Посетено на 15 October 2015. English via Google Translate
  3. Харари, Јувал Ноа (2019). Хомо деус: Кратка историја на иднината. Скопје: Три. стр. 422. ISBN 978-608-230-667-4.
  4. Howorth, Claire (November 21, 2017). „The Top 10 Non-Fiction Books of 2017“. Time. Посетено на December 13, 2017.
  5. „Homo Deus | Wellcome Book Prize“. wellcomebookprize.org. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 2018-03-11.
  6. https://www.bol.com/nl/p/homo-deus/9200000071595546
  7. Laguna (publisher)

Надворешни врски

уреди