Хомер (грчки: Ὅμηρος) бил старогрчки граматичар и трагичар. Тој исто така бил наречен ho Neoteros ("Помладиот"), за да се разликува од постариот Хомер. Хомер делувал во Александрија, во времето на Птоломеј II Филаделф.

Тој бил син на граматичарот Андромак Филолог и Меро, и имал напишано околу 45 трагедии[1], како еден од седумте големи трагичари во Александриската плејада. Сите негови дела денеска се изгубени.

Во градот Византион имал поставено статуа.[2]

Наводи

уреди