Коњанички музеј (Амерсфорт)
(Пренасочено од Холандски коњанички музеј)
Коњанички музеј (холандски: Cavaleriemuseum) ― музеј кој се наоѓа во средиштето на Холандија, во градот Амерсфорт. Музејот е сместен во две големи згради во касарната „Бернхард“ (Bernhardkazerne).
Во прикажаната збирка содржи мали предмети, како униформи, огнено оружје, сребро, слики, макети, итн., и поголеми предмети, како возила, оклопни автомобили, тенкови и поврзана опрема, кои биле или сè уште се во употреба со коњаницата на Кралската холандска армија. Музејот опфаќа повеќе од 425 години историја и на посетителот му ја прикажува еволуцијата на коњаницата од јавање коњи до современиот тенк.
Надворешни врски
уреди- Коњанички музеј (Амерсфорт) на Ризницата ?