Хинин (非人 (ひにん)) била отфрлена група во античка Јапонија, поточно Едо периодот на јапонската историја. Директниот превод на зборот „хинин“ е „нечовечки“. Хинин и Ета (穢多 (えた)) ја сочинувале најниската социјална класа во античка Јапонија. Всушност, воопшто не се сметало дека самите хинини и ета биле во социјалната хиерархија. Хинин биле принудени да вршат најдолни активности како што се питачење, улични настапи и голем број хинин ги закопувале телата на погубените луѓе.

Во античка Јапонија, питачите и припаѓале на хинин класата.

Ета директно се преведува во „загадени“ и било тесно испреплетено со социјалната класа хинин. Двете фрази биле користени за оние за кои се сметало дека биле одделени од општеството со неколку мали разлики меѓу нив. Окупација на оние кои биле нарекувани ета претежно било дерење животни и штавење. Овие работни места биле поврзани со грев поради широката распространетост на будизмот и шинто во Едо Јапонија, така што оние кои ги вршеле овие работи се сметало дека биле исполнети со грев и затоа биле „загадени“.[1]

Историја

уреди
 
Хинин питач добива ќотек.

Хинин човек можел да биде посвоен од сиромашни обични луѓе и обични луѓе кои извршиле злосторства. Статусот на хинин бил наследен. Како и да е, за разлика од ета, било можно потомството на хинин повторно да се приклучи кон обичната класа, сè додека поединецот исполнувал некои барања.[2]

Во 1871 година, хинин како идентитет бил законски укинат. Како и да е, хинин сè уште биле официјално дискриминирани. Тие биле нарекувани „нови обични луѓе“ (新平民 (しんへいみん)), што укажувало на тоа дека некогаш биле членови на најниската класа во минатото. По втората светска војна, регулативите за антидискриминација биле спроведени во Јапонија, но дискриминацијата кон потомството на хинин и ета сè уште постои во јапонското општство и денес.[3][4]

Видови на хинин

уреди

Хинин биле поделени во две одделни категории, кои биле засновани врз основа на нивниот претходен статус како граѓани.

 
Четирите класи на јапонското општество од Едо периодот, воена, земјоделскa, работничкa и трговска класа, дело на Озауа Нанкоку.

Но-хинин“ (野非人 (のひにん)) биле оние кои личеле на денешниот сегашен статус на бездомници. Оваа група се состоела од луѓе кои не можеле да плаќаат данок поради болести или други причини. Но-хинин живееле во специфични области поради тоа што општеството ги истуркало надвор, како на пример под мостови или крај бреговите на реките.

Какае-хинин“ (抱非人 (かかえひにん)) била категорија што имала две подмножества на луѓе. „Хинин-тека“ (非人手下 (ひにんてか)) биле оние на кои им била дадена класна разлика за сторено кривично дело против „куџигата-осамегаки“ (公事方御定書(くじがたおさめがき)), законикот на Едо Јапонија. Другата подгрупа биле оние кои ја наследиле класната разлика преку своите родители. Луѓето би добиле титула хинин-тека ако, на пример, извршиле вонбрачни дејствија во рамките на своето семејство; преживеале обид за самоубиство во пар; преживеале обид за колективно самоубиство со нивната куќна помошничка; биле под 15 годишни но-хинин фатени како крадат.

Враќањето на општество

уреди

Подкласната класа „кае-хинин“ била единствена по тоа што тие биле во можност да го купат своето место назад во општеството и да добијат статус на класа „хеимин“ (平民 (へいみん) само воколку нивното семејство или роднини плателе одредена сума. Процесот е сличен на концептот на кауција во денешно време.

Окупација

уреди

Во основа, занимањето на хинин е моногои (物乞い(ものごい), мономораи (i物貰い (ものもらい)), што подразбира некој кој се обидува да добие нешто од други лица, и ју-геи (遊芸 (ゆうげい)), тоа значи дека тие даваат перформанси на публика. Само на хинин им е дозволено да одат во моногои. Исто така, тие го создале кадодуке (門付け (かどづけ)), кои го чистеле градот. Тие барале и повторно користеле фрлена хартија, патролирале, правеле кремации, се грижеле за болните или едноставно биле затвореници.

Наводи

уреди
  1. 非人. 朝日新聞社コトバンク. Посетено на 2018-12-28.
  2. Szczepanski, Kallie. „Japan's Untouchables: The Burakumin“. thoughtco.com. Посетено на 28 December 2018.
  3. Keiji, Nagahara (1979). „The Medieval Origins of the Eta-Hinin“. Journal of Japanese Studies. 5 (2): 385–403. doi:10.2307/132103. ISSN 0095-6848. JSTOR 132103.
  4. 新平民. 朝日新聞社コトバンク. Посетено на 2018-12-28.