Химера (митологија)
Химера (грчки: Χίμαιρα) - суштество од старогрчката митологија, составено од делови на неколку различни животни, кое исфрлало оган од устата, а живеело во Ликија, Мала Азија. Во „Илијадата“ (VI, 181), Хомер го опишува како комбинација на лав (однапред), змеј (одназад) и коза (во средината).[1]
Химерата како тема во уметноста и во популарната култура
уредиХимерата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Химера“ - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[2]
- „Секој има своја химера“ — песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[3]
- „Химера“ (Chimaera) — песна на американската панк-рок група Bad Religion од 1992 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 138.
- ↑ Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 10-11.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 19-20.
- ↑ YouTube, Bad Religion - Chimaera ( With Lyrics ) (пристапено на 13.1.2017)