Хималајска црна мечка

подвид на мечка
Ursus thibetanus laniger
Мечки играјќи или борејќи се во вода
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus thibetanus
Триномен назив
Ursus thibetanus laniger

Хималајска црна мечка (науч. Ursus thibetanus lanigerе) — подвид на азиската црна мечка кој се среќава многу ретко.

Живеалиште

уреди

Овие мечки живеат на Хималаите од Бутан до Пакистан. Најмногу ги има во планинските предели и во џунглите.

За време на летниот период, можат да се сретнат и во потоплите региони во Непал, Кина, Русија и Тибет, на надморска височина од 3000 do 3500 метри. Во зимскиот период се симнуваат до 1500 метри во потоплите тропски шуми.

Особености

уреди

U.t. laniger имаат крзно со црна боја, светлокафеава муцка и жолт белег на градите. Во просек се со должина од 1.4 до 1.6 метри, и тежат од 90 до 120 килограми. Во есен поради таложењето на масти кои им се потребни за време на хибернацијата, можат да достигнат тежина и до 180 килограми. Иако по природа се животни кои се активни дење, сепак некои од нив стануваат ноќни со цел ден го избергнат човекот. Денот најчесто гопоминуваат во пештери или шупливи дрва.

Исхрана

уреди

Како и останатите сештојади, и овие мечки јадат храна од најразлично потекло. Најчесто се хранат со лешници, желади, овошје, мед, корења и различни инсекти како термити и ларви. Ако има недостаток на храна, се случува да нападнат добиток како овци, кози или телиња.

Размножување

уреди

Половата зрелост ја достигнуваат отприлика во третата година. Се смета дека парењето е во октомври, и во февруари се раѓаат најчесто 2 младенчиња. Малите мечиња остануваат со мајката до нивната втора година.

Заштитен статус

уреди

Оваа мечка е на списокот на ранливи животни. Најголема закана претставува уништувањето на нивното природно живеалитште поради ширењето на човекот, шумските пожари и дрвната индустрија. Иако ловот на овие животни е забранет од 1977 година, сепак ловокрадството претставува огромен проблем.

Надворешни врски

уреди