Ладнокрвност

(Пренасочено од Ладнокрвни животни)

Ладнокрвни животни или ектотермни животни се оние животни кои ја одржуваат телесната температура со помош на надворешни (екто = надворешност) фактори. Изразот „ладнокрвни“ денес се смета за застарен. Напредокот на проучувањата за тоа како животните ја одржуваат внатрешната температура (терморегулација) покажал дека разграничувањето на ладнокрвни и топлокрвни животни не е прецизно, туку дека најголемиот број животни во различни ситуации припаѓаат некаде во средината помеѓу тие два екстреми.

Термографска слика на змија обвитката околу човечка рака.

Дефиниции

уреди
 
Топлинска фотографија на ладнокрвната тарантула на топлокрвната човечка рака.

Ладнокрвните животни главно користат некои од следниве форми на терморегулација:

  • Ектотермија - ја контролираат температурата преку надворешни средства како што е сонцето или струењето на воздух или вода.
  • Поикилотермија - телесната температура варира според температурата на околината.
  • Брадиметаболизам - имаат брз метаболизам и повисока температура кога се активни, а многу побавен метаболизам кога се во мирување, хибернација или одмараат.

Голем број ладнокрвни животни користат комбинација од некои од овие форми.

Типови на контрола на температурата

уреди

Некои примери за контрола на температурата се:

  • Змиите и гуштерите кои се сончаат на топли карпи
  • Рибите кои ја менуваат длабочината на водата за да најдат посоодветна температура
  • Пустински животни кои се кријат под песокот во текот на денот
  • Инсектите кои ги загреваат мускулите со треперење
  • Ширењето или собирањето на периферните крвни садови заради прилагодување кон надворешната температура.

Како што може да се забележи, и топлокрвните животни користат некои од овие техники, на пример тресење за да се загреат.

Ладнокрвните животни често имаат посложен метаболизам од хомеотермните, бидејќи тој варира со температурата. Поради тоа, ладнокрвните животни ретко поддржуваат сложени органски системи, како што е мозокот или крилјата. Некои од најсложените адаптации на околината во природата се откриени токму кај ладнокрвните животни.

Општо гледано, ладнокрвните животни не го користат својот метаболизам за да се загреат или оладат. Поради тоа користат и многу помалку храна и енергија - 1/3 до 1/10 од топлокрвните.

Некои поголеми ладнокрвни животни, поради големиот однос на телесниот волумен и телесна површина, се способни да одржат релативно висока телесна температура и високо ниво на метаболизмот. Овој феномен, познат како гигантотермија е забележан кај големите морски желки, големите ајкули, а веројатно бил присутен и кај диносаурусите.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди