Хепатит
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Хепатит — оштетување на црниот дроб, предизвикано од инфламаторни(воспалителни) клетки во ткивото на црниот дроб. Како причини за овој инфламаторен(воспалителен) процес најчесто се регистрираат вирусите и тоа најчести се хепатит вирусите: А, Б, Ц, Д, Е; потоа Herpes simplex, Cytomegalovirus, Epstein-Barr, adenoviruses. Како втора по ред причина се регистрира злоупотребата на алкохолот и овој тип на хепатит се нарекува алкохолен хепатит. Други причини за хепатит се некои лекови, автоимуни заболувања, метаболни заболувања итн.
Поделба
уредиХепатитот се дели на акутен, хроничен и фулминантен. Акутниот трае помалку од 6 месеци. Најчесто овој тип е предизвикан од Hepatitis A,(повеќе од 95 %, и оваа инфекција се појавува кај децата и често поминува незабележана и без поголеми последици). Кај возрасните најчесто е последица на алкохолот и другите вируси. Се одликуваат со разноврстна клиничка слика, од незабележлив тек, до такво оштетување на црниот дроб за кое е потребно пресадување. Симптомите се често неспецифични, карактеристични за сите други вирусни инфекции: малаксаност, главоболка, гадење, покачена температура. Од поспецифичните симптоми се: Губење на апетит, потемнување на бојата на урината, пожолтување(најпрво на очите па по целата кожа), болка во горниот десен дел од стомакот, исип, појава на модри шари по телото, асцит(оток во стомакот), крварење
Кај хроничниот облик симптомите траат подолго од 6 месеци. Тука често доаѓа до големо оштетување на ткивото и текот е значително потежок. Како најчести причини се хепатит вирусите Б, Ц, автоимуни процеси, алкохол, лекови
Фулминантен хепатит е форма на акутниот, каде состојбата се влошува толку многу и толку нагло, што најчесто завршува со смрт.
Компликации
уредиКако најтешка компликација од хепатитот е настанување на хронична црнодробна инсуфициенција која води до цироза. Цирозата претставува состојба од која нема опоравување на црнодробното ткиво, и води до сигурна смрт доколку не се изврши пресадување на црн дроб. Настанува и оштетување на белите дробови, бубрегот, мозокот и другите органи.
Начин на заразување, видови и тек на болеста
уредиХепатит А
уредиХепатит А вирусот е пикорна вирус со големина од 28 nm во пречник.
Геномот содржи 7,48 kb РНА. Вирусот не поседува
обвивка, но има 32 компримирани капсиди, од кои
секоја има 4 големи полипептиди од VP1-VP4. Од овој вирус се
опишуваат четири генотипа иако има еден серотип.
Предизвикува акутен хепатит и најчесто поминува без последици. Се пренесува како резултат на недоволна хигиена најчесто од човек на човек со нечисти раце, прибор за јадење и пиење, потоа преку контаминирана храна(школки), вода, нечисти тоалети. Инокулацијата се случува уште во детството и во нашите простори до 70 % од луѓ ето дошле во допир со овој вирус.
Хепатит Б
уредиВирусологија. Вирусот на ХБВ е член на фамилијата Hepadnaviridae вируси. Геномот е составен од двојно искривена циркуларна ДНК со околу 3.200 базни пара. Во геномот се поважни 4 региони, и тоа:
- С(S) генот: одговара на површината на вирусот
или белковинската обвивка;
- Ц(C) генот: одговара на т. н. core регионот, или
регион на јадрото, составен од нуклеокапсидни белковини кои содржат вирусна ДНК;
- X-генот: составен е од двае белковини кои
функционираат како активатори на транскрипцијата (препишувањето) и може да игра улога во ХБВ карциногенезата;
- П(P) генот: одговара на вирусната полимераза
која исто така учествува во реверзната транскриптивна
активност есенцијална за ХБВ репликацијата
Двата С и Ц гените имаат спротиводен регион
познат како preS (1+2) i preC наизменично.
Во зависност од која страна е стартот на транскрипцијата,
може да се продуцираат различни белковини. На
пример, С генот може да продуцира три различни
белковини за обвивката, познати како голем, среден
и мал, започнувајќи од транскрипцијата со pre S1,
preS2 или S генот самиот, наизменично. pre S1 и
pre S2 региони се најимуногените белковини од површ
ните (или HBsAg) белковини. Рекомбинантот
HBsAg всушност е вакцина која сега се користи за
имунизација за да се постигне заштита против ХБВ.
Во циркулацијата од страна на хепатоцитите
кои се инфицирани со ХБВ, може да се исфрлаат и
партикли без да содржат ДНК. Поради тоа во крвта
може да се сретнат HBsAg, но не ХБВ ДНК.
Производите од генот S, познат како core антиген
– HBsAg (јадро) играат огромна улога во патогенезата
на ХБВ инфекцијата како пептидни фрагменти
од оваа белковина кои можат да предизвикаат
потентен клеточен имун одговор кога ќе дојдат на
површината на хепатоцитите. Изменетиот
белковински производ од овој ген може да се најде во
циркулацијата по излачувањето од страна на хепатоцитот
и е познат како е антиген или HBeAg. Ова
сугерира дека HBeAg може да предизвика т.н. толероген
акт кој е поврзан со HBcAg, дозволувајќи да се
случи репликација надвор од големиот цитотокси-
чен одговор. HBeAg во серумот е маркер за активноста
на вирусната репликација и за релативно
висока инфективност, и пациентите со овој маркер
исто така во циркулацијата ќе имаат присутен ХБВ
ДНК.
Кај околу 15 % се развива хроничен облик за кој е потребен интензивен третман. Кај другите поминува без компликации како акутен, или без симптоми. Се пренесува преку: крв(преку трансфузија-1 на 2,500,000; и правење заби, при користење на исти игли, шприцеви- кај наркомани), полов однос(ризична група се хомосексуалците и промискуитетните), плунка(доколку дојде во контакт со крв), од мајка на дете при породување(кај помалку од 15 % од инфицираните мајки). Денес има заразено повеќе од 350 милиони луѓе или кај 0,5-20 %(во зависност од степенот на развој на државата) од светската популација има знаци за присутност на вирусот во крвта, а кај дел од нив постои и зголемен ризик за премин на болеста во цироза или карцином(25 % од хронично болните), уште пострашен податок е што е 50-100 пати позаразен од ХИВ.
Хепатит Ц
уредиВирусологија. Овој вирус спаѓа во фамилијата
flaviviradae и е составен од единствена вретенеста
РНА. Вирусната обвивка е составена од 9.400 базни
геноми енкодирани во три структурни белковини,
нуклеокапсид (енкодиран од Е1, Е2 и С регион во
геномот), многубројни неструктурни белковини
како оние од типот s100 мембрански асоцирани
белковини, хеликази, протеази и РНА полимераза
Многу се важни Е1 и Е2 (подоцна познати
како NS1) региони кои се хиперваријабилни и
може да дадат квазиспециеси и да се добијат мутанти
кои може да го нарушат имуниот систем. Откривањето
во крвта на болниот на антитела од
типот s22 и s100 белковини, може да се користи за
серолошка дијагноза на оваа инфекција.
Како и сите РНА вируси, и вирусот на С хепатит
има варијабилен геном, при што се случуваат
грешки во инкорпорацијата на нуклеотидите за
време на вирусната репликација, со што се подлож-
ни да мутираат. Докажано е дека ензимот полимераза
на ХЦВ поддржува мутации на вирусниот геном
еден на 1.000&10.000 нуклеотиди во секој репликационен
циклус, што е за 100 пати почесто одошто
кај ДНК вирусите, пример ХБВ.
Вирусот на хепатит С во различни земји
има различни геноми. Така, овој вирус има нешто
помалку од 72 хомологни секвенции, т.е. познати
како генотипови. Исто така, откриено е постоење
повеќе генотипови кај едно лице, познато под името
квазиспециеси кои личат еден на друг и се хомологни
во повеќе од 86%. Според тоа, ХЦВ мутантите
можат да содржат во себе меѓу 72 и 85% хомолози,
правејќи различни генотипови, но сепак се
опишани 6 мајорни генотипови. Во Западна Европа
и Северна Америка најприсутен е генотипот 1а. Во
Јужна и Источна Европа, Северна Америка, Јапонија
и на Далечниот Исток го има генотипот 1б.
Во Европа и Северна Америка го има генотипот
1s. Во Европа, Северна Америка, Западна Африка
и Јапонија ги има генотиповите 2а и 2б. Во Европа,
Северна Америка и Непал ги има 3а и 3б. Во Северна
и Источна Африка и на Средниот Исток го
има генотипот 4а. Во Јужна Африка откриен е генотипот
5а и во Јужна Азија генотипот 6а.
Порано наречен не А не Б вирус. Кај околу 85 % од заразените се развива хроничен хепатит. Карактеристично е што кај дел од пациентите инфекцијата може да не се забележува до 20 години за да на крај премине во тежок облик на болеста доведувајќи до цироза и терминална фаза. Патот на трансмисија е сличен како кај хепатит Б вирусот, но значително поизразен преку крв и крвни производи. Ризична група се пациентите на дијализа и на оние на кои им е потребно пресадување. Кај околу 1,6 % од светската популација се забележува виремија со овој вирус, кај околу 40 % од заболените преминуваат во терминална фаза за што е потребно пресадување на црн дроб. Во САД се забележуваат повеќе од 10000 смртни случаи годишно, директно последица од Хепатит Ц.
Хепатит Д
Хепатит Д исто така наречен и хепатит делта вирус, ХДВ е уникатен РНК вирус, кој е репликациски дефектен, предизвикувајќи инфекција само кога е инкапсулиран од страна на ХБсАг. Делта хепатитот се јавува во два услови: акутно коинфицирање по изложувањето кон серум и суперинфекција на хроничен носител на ХБВ со нов инокулум на ХДВ. Кај повеќето случаи, постои забрзување на хепатитот, кое напредува кон потежок хроничен хепатит во рок од четири до седум години подоцна. Инфицирањето со ХДВ е распространето во светски рамки, со стапки на преваленција кои се движат во обем од осум проценти во Јужна Италија до четиринаесет проценти во Африка. Инфекцијата со ХДВ не е вообичаена појава во Југоисточна Азија и Кина. РНК на ХДВ И ХДВ антигенот се претпознатливи во крвта и во црниот дроб пред и во раните денови на акутното симптоматско заболување. ИГМ анти ХДВ антителото е најсигурниот индикатор на скорашна изложеност кон ХДВ, но неговата појава е минлива. На акутно коинфицирање со ХДВ и ХБВ најдобро укажува откривањето на ИгМ против ХДВ и ХБц антигените. При хроничниот делта хепатит, кој потекнува од суперинфекција со ХДВ, ХБсАг се присутни во серумот а анти ХДВ антителата (ИгМ и ИгГ) истрајуваат во низок титар со текот на месеците и подолго.
Алкохолен хепатит
уредиНастанува како резултат на долгогодишна злоупотреба на етанол. Значи не е битно кој алкохол се употребува, важна е само количината на етанолот и временскиот период. Исто така важна е и генетската склоност, па затоа кај секој алкохоличар не се развива тежок облик на оваа заболување(25-30 % од тешките алкохоличари заболуваат од алкохолен хепатит; во сад има околу 2 милиони со алкохолен хепатит). Како и другите хепатити доведува до истите компликации, хронично откажување на функцијата на црниот дроб и цироза. Така кај 60 % со тежок степен на оваа заболување настанува смрт, а сето оваа може да се одбегне само со навремено прекинување на пиењето алкохол.
Други хепатити
уредиВо причините за хепатит се и:
- Различните лекови,
- Метаболни синдроми,
- Други токсини,
- Автоимуни заболувања и др.
Превенција
уредиНајбитно од се е превенцијата. Највнимателни треба да бидат ризичните групи: здравствените работници да внимаваат при работењето со крв, да се стерилизираат уредно инструментите, кај болните на дијализа да се внимава со заразените апарати, наркоманите да користат различен прибор, а сексуално активните да користат соодветна заштита.
Третман
уредиТретманот е долготраен, не делотворен кај секој, скап и недостапен за сите во неразвиените земји каде е со највисока преваленција, а последиците се тешки и заканувачки по живот.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |
- на CDC (Center for Disease Control) (англиски)
- Светска здравствена организација (англиски)
- Накратко за хепатит-прв дел Архивирано на 26 февруари 2009 г. (македонски)
- Накратко за хепатит-втор дел Архивирано на 26 февруари 2009 г. (македонски)
- Harrison’s principles of internal medicine 17th edition