Акутност

(Пренасочено од Акутен)

Во медицината, акутна е онаа состојба која има нагол почеток, брзи промени, тежок тек или релативно кратко траење.[1][2] Поимите „акутен“, „акутна“ или „акутно“ се користат за опис на медицински состојби кои ги покажуваат претходно наведените одлики. Примери за ова се акутно воспаление, акутна срцева декомпензација, акутна леукемија и други. Ова се разликува од хронична состојба, која се одликува со долго траење. За некои здравствени работници, акутен процес е оној кој се развива во период од 1 до 3 дена, а хроничниот процес се развива подолго од 2 недели.[3]

Пример за акутна состојба: инфициран враснат нокт кој покажува црвенило и оток, знаци карактеристични за акутно воспаление.

Субакутна е онаа состојба која се наоѓа меѓу акутна и хронична, со помалку брз почеток и помалку изразени промени во споредба со акутна состојба,[2] односно претставува процес кој се развива за време подолго од она на акутен процес (1-3 дена), а пократко од она на хроничен процес (2 недели).[3] Исто така, како „субакутен“ се опишува текот на болест или друга абнормална состојба, присутна кај лице кое изгледа клинички здраво.[3] Во овој случај, состојбата може да биде препознаена или откриена преку лабораториски тест или радиолошко испитување.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ehrlich, Ann; L. Schroeder, Carol (2009). „1. Introduction to Medical Terminology“. Medical Terminology for Health Professions (англиски) (6.. изд.). Delmar Cengage Learning. стр. 13. ISBN 978-1-4180-7252-0.
  2. 2,0 2,1 „Subacute definition“. Medterms (англиски). MedicineNet. 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-07. Посетено на 28 август 2012.
  3. 3,0 3,1 3,2 Предлошка:TFDM