Хенри Пул & Др
Хенри Пул & Др (англ. Henry Poole & Co) е кројач по мерка за мажи на улица Севил Роу бр. 15 во Лондон. Познати се како 'Основачите на Севил Роу' како и изумителите на смокингот. Фирмата е во семејна сопственост од нејзиното основање во 1806. Најпрвин биле сместени во Бранзвик Сквер и специјалност им била воено кројаштво, во кое посебно се истакнале за времето на Битката кај Ватерло. во 1846 се преселиле во Севил Роу по смртта на основачот Џејмс Пул.
Вид | Приватна |
---|---|
Дејност | Малопродажба |
Основано | Лондон, Англија (1806) |
Седиште | Лондон, Англија |
Клучни личности | Џејмс Пул, основач Енгус Канди, сопственик Сајмон канди, директор |
Производи | Облека, Мода |
Мреж. место | www.henrypoole.com |
Хенри Пул управувал со фирмата до неговата смрт во 1876, и бил наследен од неговиот братучед Семјуел Кандли, кого го наследиле неколку генерации до денешните сопственици Енгус Кандли and и син му Сајмон. Во текот на изминатите два века овие кројачи уживале огромен успех и проживеале низ тешки маки, преживувајќи до ден денес за да ја симболираат изврсноста на кројаштвото по мера. Фирмата сѐ уште држи огромен број на Кралски Повластици и го опслужува службата на Лордот-коморник со дворски костуми. Одделот за ливерии дури направил и униформи за 200 годишнината од Битката кај Трафалгар. Фирмата е и изумител на смокингот (tuxedo)
Фирмата врши редовни посети на континентална Европа, САД и други места, во чии рамки спаѓаат и продавниците на Хенри Пул во Јапонија и Кина. Во 2006 фирмата ја прославила својата двестегодишнина со обновување на просториите, а во 2007 решено е повторно да се нуди штофот прославен од страна на Винстон Черчил, кој го порачал својот прв костум од кај нив пред 100 години.
Смокинг
уредиВо 1860 направиле кратко вечерно или пушачко палто за Принцот од Велс, кое тој го носел на неформални вечери во Сендригем. во 1886, извесен Г-дин Џејмс Потер од Таксидо Парк, Њујорк го посетил Лондон, па потоа бил поканет од Принцот од Велс да проведе викенд во Сендригем. Таму разбрал дека и тој може да добие такво палто ако отиде кај кројачите на прицот, Хенри Пул & Д-р
Кога се вратил во Њујорк, Потер гордо го носел своето палто во Клубот Таксидо Парк, па така другите членови почнале да нарачуваат такви за себе до таа мера што пва палто станало неформална клупска униформа за „машки“ вечери. Како резултат на ова, палтото во Америка почнало да се нарекува Таксидо или само Такс.
Кралски Повалстици
уреди
|
|
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на фирмата (англиски)
- Историјат на фирмата (англиски)