Хенри Лонгфелоу
Хенри Водсворт Лонгфелоу (англиски: Henry Wadsworth Longfellow, 27 февруари 1807 – 24 март 1882) бил американски поет и професор. Лонгфелоу е познат по поемите „Јавањето на Пол Реверс“ и „Евангелина“. Лонгфелоу е познат во книжевноста поради фактот што е првиот Американец кој ја превел поемата „Божествена комедија“ од Данте Алигиери. Лонгфелоу е еден од т.н. домашни поети - група на поети поврзани со Нова Англија.
Хенри Водсворт Лонгфелоу | |
---|---|
Фотографија на Лонгфелоу, сликана од Џулија Маргарет Камерон во 1868 | |
Роден/а | 27 февруари 1807 Портланд, Мејн |
Починат/а | 24 март 1882 Кембриџ, Масачусетс | (возр. 75)
Занимање | поет професор |
Апсолвент на | Колеџ Боудин |
Сопруг/а | Мери Сторер Потер Франсис Елизабет Еплтон |
Деца | Чарлс Еплтон Лонгфелоу Ернест Водсворт Лонгфелоу Фани Лонгфелоу Елис Мери Лонгфелоу Едит Лонгфелоу Ен Елгра Лонгфелоу |
Потпис |
Лонгфелоу е роден во Портланд, денес во сојузната држава Мејн а тогаш во американската сојузна држава Масачусетс.[1] Тој се образувал на колеџот „Боудин“, а подоцна своето образование го продолжил на колеџот „Харвард“. Претходно поминал извесен период во Европа. Неговата прва голема збирка поеми била збирката „Гласови на ноќта“ од 1839 година и „Балади и други поеми“ од 1841 година. Во 1854 година се пензионирал од предавање и се посветил на своето пишување. Остатокот од својот живот го живеел во домот на Лонгфелови, куќа која своевремено била и револуционерно воено седиште на Џорџ Вашингтон во Кембриџ во Масачусетс. Неговата сопруга Мери Потер умрела во 1835 година, а неговата втора сопруга Франсес Еплтон умрела во 1861 година од изгореници од пожар. По нејзината смрт Лонгфелоу имал потешкотии да пишува поезија и се посветил на преводот на дела од странски јазици. Лонгфелоу умрел во 1882 година.
Лонгфелоу напишал голем број лирски песни, познати по својата музикалност и често претставувале прикажни од митологијата или легенди. Тој станал најпопуларен поет во своето време, а воедно бил доста успешен и надвор од САД. Сепак, неговите современици го критикувале дека имитира европски стилови и пишува за општата маса на народ.
Дела
уредиНекои од делата на Лонгфелоу се:
- Поеми
- „Прекуморје: поклонение преку морето“ (Outre-Mer: A Pilgrimage Beyond the Sea, 1835)
- „Хиперион, романса“ (Hyperion, a Romance, 1839)
- „Шпански ученик. Драма во три чина“ (The Spanish Student. A Play in Three Acts, 1843)
- „Евангелина: Акадиска приказна“ (Evangeline: A Tale of Acadie, 1847)
- „Кавана“ (Kavanagh, 1849)
- „Златна легенда“ (The Golden Legend, 1851)
- „Песната на Хијавата“ (The Song of Hiawatha, 1855)
- „Трагедии од Нова Англија“ (The New England Tragedies, 1868)
- „Божествена трагедија“ (The Divine Tragedy, 1871)
- „Кристус: Мистерија“ (Christus: A Mystery, 1872)
- „Последица (Aftermath, 1873)
- „Стрелата и песната“ (The Arrow and the Song)
- Збирки
- „Гласови на ноќта“ (Voices of the Night, 1839)
- „Балади и други поеми“ (Ballads and Other Poems, 1841)
- „Поеми за ропството“ (Poems on Slavery, 1842)
- „Камбанаријата од Бриж и други поеми“ (The Belfry of Bruges and Other Poems, 1845)
- „Покрај брег и покрај огниште“ (The Seaside and the Fireside, 1850)
- „Поетски дела на Хенри Водсворт Лонгфелоу (The Poetical Works of Henry Wadsworth Longfellow Henry Wadsworth Longfellow)
Наводи
уреди- ↑ Calhoun (2004), стр. 5.
Литература
уреди- Arvin, Newton (1963). Longfellow: His Life and Work. Boston: Little, Brown and Company.
- Bayless, Joy (1943). Rufus Wilmot Griswold: Poe's Literary Executor. Nashville: Vanderbilt University Press.
- Brooks, Van Wyck (1952). The Flowering of New England. New York: E. P. Dutton and Company.
- Calhoun, Charles C (2004). Longfellow: A Rediscovered Life. Boston: Beacon Press. ISBN 978-0807070260.
- Gioia, Dana (1993). „Longfellow in the Aftermath of Modernism“. Во Parini, Jay (уред.). The Columbia History of American Poetry. New York: Columbia University Press. ISBN 978-0231078368.
- Irmscher, Christoph (2006). Longfellow Redux. University of Illinois. ISBN 978-0252030635.
- McFarland, Philip (2004). Hawthorne in Concord. New York: Grove Press. ISBN 978-0802117762.
- Silverman, Kenneth (1991). Edgar A. Poe: Mournful and Never-ending Remembrance. New York: Harper Perennial. ISBN 978-0060923310.
- Sullivan, Wilson (1972). New England Men of Letters. New York: The Macmillan Company. ISBN 978-0027886801.
- Thompson, Lawrance (1938). Young Longfellow (1807–1843). New York: The Macmillan Company.
- Wagenknecht, Edward (1966). Henry Wadsworth Longfellow: Portrait of an American Humanist. New York: Oxford University Press.
- Williams, Cecil B (1964). Henry Wadsworth Longfellow. New York: Twayne Publishers, Inc.
Надворешни врски
уреди- Поеми од Хенри Лонгфелоу
- Дела од Henry Wadsworth Longfellow на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Хенри Лонгфелоу на Семрежниот архив
- Дела од Хенри Лонгфелоу на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
- Профил и поеми на Лонгфелоу
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |