Хемотерапија на злоќудни заболувања
Во основа, лековите би требало да ги лечат пациентите болни од некоја злоќудна болест целосно, односно да ги излекуваат. За жал, денешната состојба не е таква. Најголем број лекови кои денеска се во употреба се пронајдени емпириски. Во последниве 20 години се вршени интезивни испитувања на овој план, така што бројот на расположливите средства е многу голем. Идеално антиканцерското средство би било она кое би ги уништувало само злоќудните клетки, без да ги напаѓа здравите клетки. Но денеска такво средство не е пронајдено.
Доста поволни резултати се добиени со едновремена употреба на повеќе лека, евентуално плус радиотерапија. Новите информации за кинетиката на здравите и злоќудните клетки делумно го објаснуваат ограниченото дејство на овие лекови. Така на пример, еден пациент волен од леукемија може да има еден трилион канцерски клетки дистрибуирани во разни ткива на организмот. Ако дадениот лек уништ 99,9% од овие канцерски клетки без да предизвика нетолерантна токсичност во организмот, ќе настапи значително подобрување на состојбата на болниот и бројот на туморските клетки ќе се редуцира од еден трилион на еден билион. Во случај на една бактериска инфекција, во ваква ситуација тоа значи и излекување, бидејќи одбранбените механизми на организмот сами ќе ги совладаат бактериите. Овој проблем би се совладал со давање на повеќе лекови со разни механизми на дејство и токсичност, како што тоа веќе е покажано во терапијата на туберкулоза, поради што се користат едновремено повеќе лека. За жал, ова засега не е постигнато во терапија на злоќудните заболувања, иако теориски е можно. Ова се должи на кумулативното токсично дејство на лековите кои се даваат заедно. Во последно време се бараат лекови кои ќе се даваат во комбинација но кои немаат кумулативно токсично дејство врз здравите клетки, а ќе имаат адитивен или синергичен ефект врз здравите клетки, а ќе имаат адитивен или синергичен ефект врз канцерските клетки. На овој план веќе има некои резултати. Хемотерапијата која денеска секористи се смета дека сепак може да ги излекува некои пациенти од одредени злоќудни заболувања, а тука би спаѓале:Horiokaricinom, кај жени, Burkit-ov лимфом, Wilmsov тумор кај деца, некои случаи на Hodgkin-ова болест, а можеби некои остеогени саркоми, некои тестикуларни тумори, а понекогаш акутна леукемија кај деца. Поделба на хемотераписките средства:
- Средства кои дејствуваат преку алкилизација
- Антиметаболити (структурни аналози на метаболитите)
- Билни алкалоиди и нивни деривати
- Антибиотици
- Хормони
- Радиоактивни изотопи (не се хемотерапеутици)
Средства кои дејствуваат преку алкилизација
уредиТоа се средства кои вршат пренесување на алкални групи на биолошките важни клеточни компоненти, чија функција тогаш се оштетува. Најголем број од овие средства се ефикасни во оние злоќудни заболувања каде што делењето на клетките се одвива побавно. Нивната токсичност е пропорционална со дадените дози и се манифестира врз хемотопоетичното ткиво, гастроинтестиналниот тракт и гонадите. Најголема примена наоѓаат во терапијата на крвни злоќудни заболувања, како и за лекување на солидни тумори. Најчесто се користат во комбинација со повеќе лекови едновремено. Меѓу поважните лекови од оваа група спаѓаат следниве.
Hloretazin (Antimit). Chlorethazin
уредиНаоѓаат примена во терапија на Ходгин-овата болест, Лимфосаркоми, Полицитемиарубра вера, хронична лимфатична леукемија.
Хлорамбуцил (Chloramgucil) (Leukeran)
уредиНаоѓаат примена во терапија на лимфатична леукемија, Лимфосарком, Карцином на овариум и Ходгкин-овата болест.
Циклофосфамид (Cyclophosphamid) (Endoxan)
уредиСе користи во терапија на Ходгкин-овата болест, Лимфосарком, Полицитемиа рубра вера, хронична лимфатична леукемија.
Алкеран (Alkeran)
уредиВо терапијата на Меланом и Мултипен милелом.
Тетрилмеламин (Triethylmelamin) (TEM)
уредиЗа лекување на хронична миелоична леукемија, карцином на овариум, карцином на дојките, карциноми на ЦНС.
Бусулфан (Busulfan) (Myleran)
уредиСе користи за лекување на хронична миелоична леукемија.
Антиметаболити (структурни аналози на метаболитите)
уредиМеханизмот на дејствувањето на овие лекови се засновува врз следново : Тие ги заменуваат нормалните метаболити во метаболните процеси на злоќудните и здравите клетки, поради што ги чинат молекулите на клетките функционално абнормални, односно неспособни за репродукција. Поважни претставници на оваа група лекови се следниве.
Метотрексат (Methotrexat)
уредиСе користи во терапија на акутни леукемии кај деца и Хориокарциом.
Пурински аналози (6- Меркаптопурин) (6-Mercaptopurin) (Purinetol)
уредиСе користи во терапија на акутна лимфатична леукемија, хронична миелонична леукемија, Хориокарциом.
Пиримидински аналози (5-Флуороурацил) (5-Fluorouracil)
уредиДоста токсичен се користи во терапија на карциноми на дојките и гастроинтестиналниот тракт и тоа во напредната фаза.
Билни алкалоиди и нивни деривати
уредиОва се алкалоиди добиени од билката Vinca Rosea.
Нивниот механизам на дејствување не е сосема јасен, но се смета дека се врзуваат за микротубуларните белковини на делбеното вретено, поради што се запира митозара на клетките во метафаз. Во оваа група лекови спаѓаат следниве две средства.
Винбластин (Vinblastin)
уредиЕфикасен во терапијата на Hodgakin-овата болест и други лимфоми.
Винкристин (Vincristin)
уредиСе користи во терапијата на акутни леукемии, лимфосарком, а со малку послеб успех во терапија на Ходгкин-ова болест.
Антибиотици
уредиОд групата на антибиотици ќе ги спомениме следиве лекови.
Дактиномици (Dactinomycin)
уредиСе користи во терапија на Хорикарцином, Вилмосов тумор.
Доксорубицин (Doxorubicin)
уредиСе користи во терапија на остеогени саркоми, карцином на дојките, доцнежен стадиум на лимфосарком, карцином на овариумот и тестис.
Митрамицин (Mitramycin)
уредиСлужи во терапија на карцином на тестис.
Митомицин (Mitomycin)
уредиСе користи во терапија на карцином на цервиксот на утерусот.
Блеомицин (Bleomycin)
уредиСе користи во терапија на лимфоми и карцином на штитната жлезда
Хормони
уредиВо терапијата на одделни злоќудни заболувања се користат машки и женски полни хормони како и гликокортикоидите.
Естрогените хормони (Stilboestrol)
уредиТие и останатите се користат во терапија на карцином на простатата кај мажи.
Андрогени хормони (Тестостерон - Testesteron)
уредиТој се користи во терапија на карцином на дојките кај жени.
Гликокортикоидите
уредиТие наоѓаат примена во терапија на леукемија и Ходгкиновата болест.
Радиоактивни изотопи
уредиТие имитираат β и γ зраци. Меѓу нив најчесто се користат следниве радиоисотопи.
Радиоактивен јод (Ј-131)
уредиНајчесто користен лек од групата на изотопите. Се користи во терапија на токсичен аденом на штитната жлезда, како и за корцином на штитната жлезда.
Радиоактивен фосфор (Р-32)
уредиСе користи во терапија на злоќудни процеси во коските, цениот дроб, лимфатичното ткиво, слезинката, Полцитемиа руба, хронична леукемија.
Радиоактивно злато (Аu-198)
уредиСе користи во терапија на злоќудни процеси во абдоменот.
Компликации во тек на хемотерапијата на злоќудните заболувања
уредиНајтешките компликации се резултат на неспецифицното цитотокцично дејство на овие лекови врз коскениот мозок, како и поради нивното имуносуперсивно дејство. Овие две дејства го чинат многу осетлив кон инфекции, дури и кон оние микроорганизми кои во нормални услови не се патогени. Најчести несакани дејства при употреба на овие лекови се следниве.
Гастриоинтестиналини компликации
уредиГубење апетит, гадење, повраќање и проливи.
Коскен мозок
уредиАнемиа, леукопенија или агранулоцитоза се многу чести и се главни причини за зголемување на осетливост кон инфекции
Имуносупресија (смалување на имунитетот)
уредиПоради голем број лекови од оваа група имаат имуносупресивно дејство, односно доведуваат до супресија на лимфоцитната продукција, едновремено ја депримираат и функцијата на лимфоцитите. Поради сето ова, клеточниот имунитет е смален или наполно исклучен. Поради тоа пациентот е многу осетлив кон вирусни, инфекции и инфекции предизвикани од габи и бактерии.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |