Хелена Котлер Вурник

Хелена Вурник, моминско Котлер (1882-1962) — словенечка уметничка родена во Австрија, позната по декоративни слики на фасадата на Кооперативна деловна банка и нејзиниот ентериер.

Хелена Котлер Вурник
Хелена Котлер Вурник во 1960
Роден(а)Хелена Котлер
1882
Виена, Австроунгарија
Починал(а)1962
Љубљана, СР Словенија, СФР Југославија
Националноставстријка
ОбразованиеВиенска школа за уметност и занаетчиство
Занимањеилустратор, сликар, дизајнер на мозици
Значајни делаФасадата на зградата на Коперативната деловна бакна во Љубљана
СопружникИван Вурник
ДецаМира Вурник
Нико Вурник (24 јануари 1923 - 12 април 1942)

Живот

уреди

Родена е во Виена од татко Мориц Котлер, адвокат од поштата и мајка Бронислава, која потекнувала од Полска. Таа се школувала најпрво на „Graphische Lehr und Versuchsanstalt“, потоа „Kunstschule für Frauen und Mädchen“ и завршила на Виенска школа за уметност и занаетчиство.

Работа

уреди

По студирањето во 1910 година, таа добила стипендија за студирање уметност во околината на Модена во Италија за пет месеци. Продавала слики што ги насликала во Италија по враќањето во Виена и изнајмила уметничко студио. Во 1913 година го запознала својот иден сопруг Иван Вурник, додека двајцата цртале саламандери за биологот Франк Мегуњар во неговиот дом. Таа ја напуштила својата работа како илустратор за весникот "Illustrirtes Wiener Extrablatt", и се преселила со Иван Вурник да работат со него прво да Трст, а потоа Љубљана, и на крајот да се Радовљица.

Во медиумите и книгите

уреди

Сценарио за документарниот филм „Искалка“ во режија на Алма Лапајн и прикажано на РТВ Словенија и книга за неа и нејзиниот сопруг било напишано од Борис Лесковец.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Article about the book, MMC RTV Slovenia, September 26
  2. Article about the book Архивирано на 25 јули 2018 г. published in Bukla Magazine 138-139, December 2017

Надворешни врски

уреди
  1. Article about the Exhibition, Delo, September 21, 2017
  2. Article about the Exhibition, Dnevnik, October 2, 2017