Хелбој (филм од 2019)
Хелбој (англиски: Hellboy), во некои преводи Хелбој: Подемот на Крвавата Кралица — американски суперхеројски филм во режија на Нил Маршал.[5] Напишан е од Ендру Косби, врз основа на стрипот на Мајк Мињола.[6][7] Во главната улога е Дејвид Харбор. Филмот требало да излезе во јануари 2019 г., меѓутоа, филмот премиерно бил прикажан на 12 април 2019 г. во САД, а во Македонија излегол на 11 април истата година.[8][9]
„Хелбој“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Нил Маршал |
Продуцент | Лоренс Гордон Лојд Левин Мајк Ричардсон Филип Вестгрен Карл Хамп Мет О’Тул Лес Велдон Јарив Лернер |
Сценарист | Ендру Косби |
Главни улоги | Дејвид Харбор Мила Јовович Ијан Макшејн Саша Лејн Даниел Деј Ким Томас Хејден Черч |
Жанр | научна фантастика суперхеројски |
Музика | Бенџамин Волфиш |
Кинематографија | Лоренцо Сенаторе |
Монтажа | Мартин Бернфелд |
Студио |
|
Дистрибутер | |
Премиера | 12 април 2019 г. (САД) 11 април 2019 г. (Македонија) |
Времетраење | 121 минута[3] |
Земја | |
Јазик |
|
Буџет | 50 милиони долари[4] |
Бруто заработка | 55,1 милиони долари |
Дејството на филмот се сосредоточува на борбата на тајната американска организација за која Хелбој работи со неземни сили во лицето на моќната вештерка Вивиен Нимуе, која се обидува да ја преземе власта над целиот свет уништувајќи го човештвото.
Содржина
уредиХелбој е натприродно суштество што е син на паднат ангел. Тој дошол во нашиот свет во 1944 г. како последица на мистичен ритуал. Окултистите од Третиот Рајх долго време се обидувале да добијат предност во војната, надевајќи се дека ќе го привлечат идеалниот војник во редовите на фашистичката армија. Хелбој бил токму тој што им требал, но никогаш не успеале да ги остварат своите планови. Демонот од пеколот паднал во рацете на Американците и почнал да им служи, заштитувајќи го светот од таинствени закани. Овој пат тој е испратен во Англија за да се сретне лице в лице со сопругата на Мерлин. Само една битка со Крвавата Кралица ќе доведе до крајот на светот, што чудовиштето се обидувало да го избегне целиот свој живот.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Дејвид Харбор | Хелбој / Анунг Ун Рама |
Мила Јовович | Вивиен Нимуе |
Ијан Макшејн | Тревор Брутенхолм |
Саша Лејн | Алис Монахан |
Даниел Деј Ким | Бен Даимио |
Томас Хејден Черч | Лобстер Џонсон |
Пенелопа Мичел | Ганејда |
Марк Стенли | крал Артур |
Брин Глисон | Мерлин |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Gleiberman, Owen (April 10, 2019). „Film Review: 'Hellboy'“. Variety. Архивирано од изворникот May 27, 2023. Посетено на April 10, 2019.
- ↑ „Hellboy – Production Notes“ (PDF). Lionsgate Publicity. Архивирано (PDF) од изворникот April 11, 2019. Посетено на April 11, 2019.
- ↑ „Hellboy (2019)“. British Board of Film Classification. April 1, 2019. Архивирано од изворникот March 25, 2022. Посетено на March 1, 2022.
Cinema 120m 53s
- ↑ Gonzalez, Umberto; Molloy, Tim (April 10, 2019). „Inside 'Hellboy' Reboot's Fiery Shoot: Fights Over David Harbour, Cinematography and a Tree (Exclusive)“. The Wrap. Архивирано од изворникот April 11, 2019. Посетено на April 11, 2019.
- ↑ Makuch, Eddie (April 10, 2019). „Hellboy Review Roundup: Here's What The Critics Are Saying“. GameSpot. Посетено на April 10, 2019.
- ↑ „David Harbour en reboot de Hellboy con clasificación R“. Архивирано од изворникот 2017-06-17. Посетено на 2017-06-08.
- ↑ Beatrice Verhoeven (2017-06-07). „David Harbour Teases 'Hellboy' Reboot As 'Darker,' 'More of a Character Piece'“. TheWrap (англиски). Архивирано од изворникот 2017-09-13. Посетено на 2017-09-29.
- ↑ Holmes, Adam (April 10, 2019). „Hellboy Reviews Are In, Here's What Critics Are Saying“. Cinemablend. Посетено на April 10, 2019.
- ↑ „Cineplexx MK — Само да ве потсетиме дека премиерата на „Хелбој" е на 11 април“. www.facebook.com. Архивирано од изворникот на 2024-12-07. Посетено на 2024-12-07.
Надворешни врски
уреди- Hellboy на Семрежната филмска база на податоци (англиски)