„Хасанагиница“ — босанска, српска и хрватска епска песна.

Хасанагиница
Првото издание на песната со наслов „Тажна песна за племенитата жена на Хасан-ага“ се појавило во делото „Патување во Далмација“ од Алберто Фортис од 1774 година.
Првото издание на песната со наслов „Тажна песна за племенитата жена на Хасан-ага“ се појавило во делото „Патување во Далмација“ од Алберто Фортис од 1774 година.
Создаден 1646–49
Место Имотски, Босански пашалук, Отоманско Царство
Автор(и) народно творештво
Намена тажна песна

Содржина

уреди

Во планината лежи ранет Хасан-ага, а го негуваат мајка му и сестра му. Кога закрепнува, тој ѝ порачува на сопругата да не го чека дома. Тогаш, Хасанагиница ја посетува нејзиниот брат, кој ја враќа во нејзината родна куќа, така што таа се разделува од двата сина и двете ќерки. По една седмица, неа ја бара за жена кадијата од Имотски. И покрај противењето на Хасанагиница, нејзиниот брат ја мажи за кадијата. Кога свадбената поворка поминува крај куќата на Хасан-ага, Хасанагиница изразува желба да ги дарува децата. Тогаш, Хасан-ага ги повикува синовите да се вратат дома, а Хасанагиница од жал за децата умира.[1] [2]

За песната

уреди

Песната „Хасанагиница“ прв ја запишал италијанскиот биолог и патописец Алберто Фортис за време на своето патување низ Далмација во 1774 година. Две години подоцна, тој ја објавил песната во својата книга „Пат во Далмација“, и тоа оригиналниот текст заедно со преводот на италијански јазик. Следната година, таа била преведена на германски јазик од страна на Вертес, а неговиот превод го прочитал Гете, кој ја препеал песната и ја објавил во Хердеровата збирка „Народни песни“ (германски: Volkslieder) од 1788 година. Во 1799 година, Валтер Скот ја превел на англиски јазик (според преводот на Гете), но овој превод не бил објавен. Подоцна, во 1821 година, Шарл Нодје ја превел „Хасанагиница“ на француски јазик и ја објавил како дел од книгата „Смара“, а во 1827 година таа се појавила во превод на Проспер Мериме (кој песната ја претставил како превод од илирски јазик) во неговата книга „Гусли“.[3] [4]

Познатиот експерт за народна книжевност, Олинко Делорко на островот Хвар открил една поширока верзија на „Хасанагиница“.[5]

Наводи

уреди
  1. „Хасанагиница“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 431-433.
  2. Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. 3-5.
  3. В.Ђ., „Поговор - О записивању и превођењу“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 491-493.
  4. Nasko Frndić, „Od junaštva i od vojevanja...“, во: Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. VII.
  5. Nasko Frndić, „Od junaštva i od vojevanja...“, во: Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. X.