Ханусен (филм од 1988)
Ханусен (германски: Hanussen) - унгарско-австриско-германски филм од 1988 година, во режија на Иштван Сабо. Главните улоги ги играат: Клаус Марија Брандауер, Ерланд Јозефсон, Илдико Баншаги, Валтер Шмидингер, Карољ Еперјеш, Гражина Шаполовска, Адријана Бједжинска итн.
Синопсис
уредиЗа време на еден јуриш во текот на Првата светска војна, Клаус Шнајдер (го игра Брандауер) е ранет и има психички проблеми. Него го лекува докторот Бетелхајм (го игра Јозефсон) кој отркива дека Клаус поседува извонредни психички способности - може да ги хипнотизира луѓето и да ја предвидува иднината. По завршувањето на војната, Клаус започнува кариера како забавувач, земајќи го името Ерик Јан Ханусен, а негов менаџер е капетанот Тибор Новотни (го игра Еперјеш). Набргу, Ханусен станува славен, најпрвин во Будимпешта и во Виена, а потоа, заедно со менаџерот и со девојката Вали (ја игра Бједжинска) оди во Берлин, каде го привлекува вниманието на јавноста. Таму, тој е сведок на подемот на нацистите, а кога предвидува дека тие ќе победат на изборите, него го напушта менаџерот. Исто така, во Берлин ја среќава Валери (ја игра Саполовска), која ја познава од детството и која постојано му се јавува во соништата. На почетокот, нацистите се обидуваат да го придобијат Ханисен за потребите на својата пропаганда, но кога тој ќе стане опасен, тие почнуваат да го следат. На крајот, Ханусен го предвидува палењето на Рајхстагот и поради тоа нацистите ги убиваат него и Вали.[1]