Хандачка кула
Хандачка кула (грчки: Πύργος Χάνδακα) — средовековна одбранбена кула крај Долна Струма, недалеку од античкиот град Амфипол,[1] поточно меѓу денешните села Ениќој и Нова Локвица во Зихненско, Егејска Македонија.
Πύργος Χάνδακα | |
Место | Ениќој, Зихненско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°50′08″N 23°50′27″E / 40.8355° СГШ; 23.8408° ИГД |
Вид | кула |
Историја | |
Изграденo | XIV век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | урнатини |
Историја
уредиКулата e е сместена на десниот брег на Струма, спроти античкиот град Амфипол другата дредновековна кула – Мармарската. Околу кулата има остатоци од други утврдувања. Двете кули го чувале Амфиполскиот мост над Струма, познат уште од антиката.[1]
Кулата веројатно е изградена во XIV век. Во околината се наоѓало средновековното село Хандак (Χάνδακας), споменато во светогорски документи од XIV век (1318 – 1378), главно во преписката меѓу манастирите Хиландар и Зограф во врска со водениците на тоа подрачје. Хандак е споменато и во Калимановата грамота.[1]
Кулата има квадратен облик и надврешни потпори, и во првобитен облик имала најмалку три ката. Заштитена е со бедем, чии остатоци се гледаат од северната страна.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Πύργος Χάνδακα“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 6 ноември 2016.