Оле фон Бојст
Карл-Фридрих Арп Оле Фрајхер фон Бојст, обично познат како Оле фон Бојст, роден на 13 април 1955, во Хамбург, Германија, бил Прв градоначалник на градот-покраина (Freie und Hansestadt) Хамбург од 31 октомври 2001 до 25 август 2010, а од 1 ноември 2007 и како Претседател на Бундесратот со едногодишен мандат.[1] Тој бил наследен како градоначалник од Кристоф Алхаус.
Оле фон Бојст | |
---|---|
Оле фон Бојст на германско-американската парада во 2006 | |
Прв градоначалник на Хамбург | |
На должноста 31 октомври 2001 – 25 август 2010 | |
Претходник | Ортвин Рунде |
Наследник | Кристоф Алхаус |
Претседател на германскиот Бундесрат | |
На должноста 2007–2008 | |
Претседател | Хорст Келер |
Канцелар | Ангела Меркел |
Претходник | Харалд Рингсторф |
Наследник | Петер Милер |
Лични податоци | |
Роден(а) | Карл-Фридрих Арп Оле фон Бојст 13 април 1955 Хамбург, Германија |
Националност | Германец |
Партија | Христијанска демократска унија (Германија) |
Живеалиште | Хамбург |
Установа | Хамбуршки универзитет |
Вероисповед | Лутеранство |
Потпис |
Живот и работа
уредиТој е син на Ахим Хелге Фрајхер фон Бојст и Хана Волф, кои биле сметани за полу-Евреи во Нацистичка Германија.[2] По неговиот татко, тој е наследник на саксонскиот и австриски гроф Фридрих Фердинанд фон Бојст.
Во 1971, фон Бојст станал член на конзервативната Христијанска демократска унија (CDU). Во 1973, по завршувањето на средното училиште, работел за групата CDU во парламентот на градот-покраина Хамбург („Bürgerschaft“), место кое го држел додека не почнал да студира право во 1975 на Хамбуршкиот универзитет.[2] Од 1977 до 1983 бил претседател на младинската организација на неговата партија. Од 1978, Бојст бил член на покраинскиот парламент во Хамбург.[2] Во 1983, успешно ги завршил неговите студии и станал независен адвокат.[2]
Бил член на владејачкиот совет на хамбуршката подружница на CDU од 1992 и на националниот владејачки совет на партијата од 1998.
Приватен живот
уредиВо август 2003, во Хамбург изби скандал, кога Фон Бојст го разреши заменик-градоначалникот Роналд Шил. Причината беше таа што Шил го отпушти Волтер Велингхаусен, советник за прашања од областа на внатрешната безбедност на Фон Бојст, без притоа да се консултира со градоначалникот, по што следуваа закани за аутинг на Фон Бојст и други лични закани. Сепак, Фон Бојст не го повлече отпуштањето на Шил, по што следуваше прес-конференција на која Шил говореше за “хомосексуалната врска“ на градоначалникот со Роџер Куш, министер за правда на Хамбург. Вон Беуст ја негираше изјавата.
По неговата прес-конференција, Шил се здоби со репутација на анти-геј политичар, што резултираше со остри демонстрации на ЛГБТ асоцијациите, а локалните радиостаници го исмеваа Шил со песната “Мега-јужњак“. Подоцна, Шил ја повлече изјавата, со објаснување дека му пречел само непотизмот на Фон Бојст и дека немал право да се меша во неговите приватни работи. На наредната прес-конференција, тој изјави “Немам ништо против хомосексуалците“.
Во интервју некое време подоцна, таткото на Фон Бојст потврди дека неговиот син е геј. Фон Бојст, сепак, смета дека сексуалната ориентација е приватна работа, па на прашањата на новинарите, тој иронично, за одговор ги упатува кај неговиот татко.
На 24 февруари 2004, изборите во Хамбург завршија со неочекувана победа за Оле фон Бојст и ХДУ, а партијата освои апсолутно мнозинство (47,2%) во државниот Парламент на Хамбург. На изборите од 2008, ХДУ победи со 42,6% од гласовите.
Наводи
уреди- ↑ Präsidenten des Bundesrates seit 1949, Архивирано од изворникот на 2008-06-25, Посетено на 2008-11-10 (германски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Munzinger Online; s.v. Ole von Beust
Надворешни врски
уреди„Оле фон Бојст“ на Ризницата ? |
- (германски) Оле фон Бојст - страница на CDU-Хамбург Архивирано на 28 март 2007 г.
- Профил на Citymayors