Хамадански камен лав
Хамадански камен лав (персиски: شیر سنگی همدان, шир-е санги-је хамедан) ― историски споменик во Хамадан, Иран.
Камениот лав – еден дел од Лавовската порта – седи на рид каде што се вели дека се наоѓале гробишта од партското време.
Кога првпат била изградена, оваа статуа имала двојник за кој и двајцата ја сочинувале старата порта на градот. За време на исламското освојување на Персија, победниците Арапи ја нарекувале портата како „баб ул-асад“ (персиски: بابالاسد, „лавовска порта“).
Портите биле урнати во 931 н.е. кога Дејламидите го зазеле градот.
Мардавиџ неуспешно се обиде да пренесе еден од лавовите во градот Реј. Налутен поради тоа што не ги преместил, нареди да ги урнат. Едниот лав е целосно уништен, додека на другиот му е скршена раката и влечена на земја. Полуурнатиот лав лежел на страна на земја до 1949 година, кога повторно бил подигнат, користејќи дополнителна рака што била вградена во него. Во 1968 година Хајнц Лушеј покажа дека лавот е хеленистичка скулптура и дека споменикот на лавот во Хајронеја (подигнат во 338 п.н.е.) е споредлив. Неговото толкување дека бил изграден по наредба на Александар Македонски за да ја одбележи смртта на неговиот близок сопатник Хефестион во 324 година п.н.е. е усвоен од Организацијата за културно наследство на Иран.
Наводи
уреди- Општи извори
- Luschey, H. Der Löwe von Ekbtana, Archäologische Mitteilungen aus Iran 1, 1968, 115-129
- Simaye Miras-i Farhangi-i Hamedan, Организација за културно наследство на Иран, ISBN 964-7483-68-6, 2003 година
- Фокс, Р. Л. Alexander the Great (Број на страница: 434), Penguin Books, Лондон
34°47′9.92″N 48°31′27.06″E / 34.7860889° СГШ; 48.5241833° ИГД