Хакази
Хакази (Тадарлар) — туркиски народ, кој живее во руската автономна република Хакасија каде сочинува 12% од вкупниот број на население. Хаказите се одликуваат со темна кожа и очи, црна коса и брада. Во Руската Империја Хаказите биле познати како минусински Татари, абакански Татари, енисејски Турци. По создавањето на Советскиот Сојуз многу етнички групи се споиле помеѓу себеси во една нација - Хакази. Повеќе од Хаказите се со православна вероисповед и го зборуваат хакаскиот јазик. Вкупниот број на Хаказите е околу 80 000.
Хаказско етничко знаме | |
Вкупен број | |
---|---|
80.000 (проц.) | |
Подрачја со значајно население | |
Русија (претежно Хакасија) | |
Русија | 72,959[1] |
Украина | 162[2] |
НР Кина (Хејлунгѓанг) | about 1,500 |
Јазици | |
Хакаски, Руски | |
Вероисповед | |
Доминантна Православна црква (Руска православна црква) Шаманизам | |
Сродни народи | |
алтајски народи |
Потекло
уредиПотеклото на Хаказите е спорно. Некои научници ги сметаат за потомци на Јенисеј Киргиз,[3][4] додека други веруваат дека по наредба на средновековниот монголски хан, Јенисеј Киргиз се преселиле во Средна Азија. Се верува дека Хаказите и Фују-Киргизите се поблиску до античкиот Јенисеј Киргиз, кои се и сибирскотуркиски (североисточнотуркиски народи), отколку до Киргизите од современиот Киргистан, кои се кипчачкотуркиски (северозападнотуркиски народи).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Окончательные итоги Всероссийской переписи населения 2010 года“. Архивирано од изворникот на 3 August 2011. (All Russian census, 2010)
- ↑ State statistics committee of Ukraine - National composition of population, 2001 census (Ukrainian)
- ↑ Carl Skutsch (7 November 2013). Encyclopedia of the World's Minorities. Routledge. стр. 705–. ISBN 978-1-135-19388-1.
- ↑ Paul Friedrich (14 January 1994). Encyclopedia of World Cultures: Russia and Eurasia, China. G.K. Hall. ISBN 978-0-8161-1810-6.