ХОПС - Опции за здрав живот

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје  — здружение на граѓани што од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Република Македонија. Во 1997 година првпат ги воведе програмите за размена на опрема за инјектирање во Р Македонија, со цел превенција на ХИВ/СИДА помеѓу корисници/чки на дроги и нивните семејства, а три години подоцна, во 2000 година, почна со имплементација на првата програма за поддршка на сексуални работници/ чки во Скопје. Оттогаш наваму успешно развива и спроведува програми за намалување штети од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во Република Македонија. Извршен директор е Христијан Јанкулоски.

ХОПС - Опции за здрав живот Скопје
ВидЗдружение на граѓани
ДејностЗдравство
Основано15 март 1999
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личности
Хајди Штерјова Симоновиќ
Мреж. местоhops.org.mk

Визија на ХОПС: Општество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба. 

Мисија на ХОПС: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здавјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници засновано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување. 

Програми

уреди

Сервиси за намалување на штети од употреба на дрогa Архивирано на 31 март 2017 г.

Оваа програма опфаќа директна работа со корисници/чки на дроги и нивните семејства, на терен што се одвива на територијата на Град Скопје, како и во центрите на ХОПС што се сместени во областите Капиштец, „Мавровка“, Шуто Оризари и Центар. Програмата опфаќа широк спектар на услуги чијашто главна цел е да овозможи зголемување на достапноста на здравствената заштита и да ги унапреди правата поврзани со здравјето на луѓето, како и да придонесе во процесот на нивно социјално вклучување како полноправни граѓани на Р Македонија коишто ги уживаат своите човекови права и активно учествуваат во животот на заедницата.

Поддршка на сексуални работници-чки Архивирано на 31 март 2017 г.

Оваа програма опфаќа директна работа со сексуалните работници/чки и нивните семејства на терен што се одвива на територијата на Град Скопје, како и во дневниот центарот на ХОПС. Програмата опфаќа широк спектар на услуги чијашто главна цел е да овозможи зголемување на достапноста на здравствената заштита и да ги унапреди правата поврзани со здравјето на луѓето, како и да придонесе во процесот на нивно социјално вклучување како полноправни граѓани на Р Македонија коишто ги уживаат своите човекови права и активно учествуваат во животот на заедницата.

Програма - ЦЕДИ Архивирано на 8 мај 2017 г.

ЦЕДИ е програма во ХОПС, чијашто цел е да организира едукации/обуки, да документира и да спроведува истражувања. ЦЕДИ нуди и консултантски услуги за подготовка, развој, мониторинг и евалуација на: стратегии, акциски планови, проекти, програми, семинари, работилници, конференции, студиски патувања.

Оваа програма треба да овозможи поддршка во функционирањето на програмата Застапување и програмата Сервиси и услуги преку прибирање и анализа на податоци и документирања што ќе даваат ажурен преглед на состојбата и на потребите кај целните групи/корисниците, како и преку изработка на документи, студии, извештаи и предлози за подобрување на постоечките и/или за воведување на нови политики од важност за корисниците. Исто така, оваа програма треба да овозможи едукација на претставници на институции, студенти, новинари, други здруженија и персоналот на организацијата со цел зголемување на нивните знаења, но и јакнење на нивните вештини за работа со корисниците. Програмата се реализира преку три посебни програмски аспекти: едукација, документирање и истражување.

Застапување Архивирано на 8 мај 2017 г.

Програмата застапување опфаќа различни аспекти поврзани со политиката на дроги, регулирањето на сексуалната работа, третманот на корисниците, застапеноста на корисниците како творци на политики и донесувачи на одлуки,финансиската поддршка која државата ја дава на програмите за лекување, намалување на штети, рехабилитација и ресоцијализација. 

Членство

уреди

ХОПС е член и соработник во повеќе иницијативи во национални, а и регионални/меѓународни рамки[1]:

  • Член на Национална мултисекторска комисија за ХИВ/СИДА превенција при Владата на Република Македонија;
  • Член на Националната експертска група за превенција , третман и намалување на штети при Министерство за Здравство;
  • Член на Техничката работна група при Тематската група за ХИВ/СИДА при Обединети нации во Република Македонија;
  • Координатор на Работната група за намалување на штетите од употреба на дрога при Градското координативно тело за борба против дрогата во Скопје;
  • Еден од основачите на Коалицијата за намалување на штетите од употреба на дрога за Југоисточна Европа и организатор на Првата Конференција за намалување на штетите за Југоисточна Европа која се одржа во Скопје на 10 декември 1999 година;
  • Основач на Македонската мрежа за намалување на штети;

Награди

уреди

ХОПС е добитник на Меѓународната награда за ХИВ/СИДА и човекови права за 2010 година, што ја доделуваат Канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА и Хјуман рајтс воч.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди