Фтелија (река)

река во Кожанско, Егејска Македонија

Фтелија (грчки: Φτελιά) — река во Кожанско, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.[1]

Фтелија
Φτελιά
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКожанско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоЦрвена Гора
 • координати40°10′42″N 21°41′10″E / 40.1782° СГШ; 21.6860° ИГД / 40.1782; 21.6860
Устие 
 • место
Витивјанско Езеро на Бистрица
 • координати
40°09′39″N 21°52′22″E / 40.1607° СГШ; 21.8727° ИГД / 40.1607; 21.8727
Особености на сливот
Фтелија (река) во рамките на Кожани (општина)
извор
утока

Реката извира на Црвена Гора источно од највисокиот врв Буринос (Вуринос, Дрисинкос, 1663 м) под името Вуринос Лакос. Тече на североисток, а потоа на север. Североисточно од врвот Цуцуљанос (1460 м) и јужно од врвот Сифириѕес (1465 м) реката нагло свртува на исток. Излегува од планината и ги носи имињата Зигости и Танаси. Минува јужно од с. Милотин завртува на југоисток и се влева во Бистрица во вештачкото Витивјанско Езеро јужно од Кесарија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“