Фригиски јазик — дел од индоевропските јазици и бил зборуван на територијата на Мала Азија од населението наречено Фриги. Според античките извори, како Херодот, Фригите првично живееле во јужниот дел на Балканот, и биле познати под името Бриги. Тие мигрирале во Анадолија по распадот на Хетитската Империја, околу 1200 година п.н.е. Заради овие историски миграции, како и некои заеднички јазични карактеристики со грчкиот и другите палеобалкански јазици, како што е аугментот (глаголски префикс) за да се означи минато време, фригискиот јазикот е класифициран во групата на палеобалкански јазици, а не на анадолски јазици.

Фригиски јазик
Застапен воМала Азија
НародФриги
ИзумренПосле 5 век н.е.[1]
Јазично семејство
Индоевропско
  • фригиски јазик
Јазични кодови
ISO 639-2ine
ISO 639-3xpg

Фригискиот јазик е оставен од два дела и тоа едниот наречен Палео-фригиски и датира од 800 п.н.е. па се после неколку години кога се појавува т.н. Нео-фригиски јазик. Понатака, Палео-фригискиот јазик е поделен географски на говори од Мидас, Гордион, централен, Птерија, Витинија, Тианам Даскилеион, Бајиндир. Фригискиот јазик опстоил до 6 век н.е.

Класификација

уреди

Фригискиот јазик бил најмногу сличен со тракиски јазик, ерменски јазик и донекаде со грчки јазик[2]. Во најголем број случаи, фригискиот јазик користел азбука слична со феникиската азбука. Поголем број на достапни документи и извори на фригиски јазик сѐ уште не се преведени, додека пак извори и документи напишани на азбука слична на грчката денес се преведени и идентификувани фригиски зборови.

Примери од јазикот

уреди
 
Карта која покажува каде се пронајдени фригиски натписи.
  • anar, 'сопруг'
  • attagos, 'коза';
  • Bagaios, "Зевс"
  • balaios, 'голем, брз'
  • bedu 'вода'
  • bekos 'леб'
  • belte, 'мочуриште'
  • brater, 'брат',
  • daket, 'предизвикува'
  • germe, 'топло'
  • kakon, 'нарушен, болен'
  • knoumane, 'гроб'
  • mater, 'мајка'
  • meka, 'голем'
  • zamelon, 'роб'

Наводи

уреди
  1. Swain, Simon; Adams, J. Maxwell; Janse, Mark (2002). Bilingualism in Ancient Society: Language Contact and the Written Word. Oxford [Oxfordshire]: Oxford University Press. стр. 246–266. ISBN 0-19-924506-1.
  2. Midas and the Phrygians, by Miltiades E. Bolaris (2010)