Фотоотпорник

Фотоотпорник, светлоотпорник или фоторезисторполуспроводнички елемент чиј електричен отпор се менува под влијание на светлината која паѓа врз неговата површина.[1] Заради оваа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор).

Фотоотпорник
Светлоотпорник
LDR 1480405 6 7 HDR Enhancer 1.jpg
Фотоотпорник
Типпасивен
Принцип на работафотоспроводливост
Ел. симбол
Photoresistor symbol.svg

Фотоотпорникот е направен од полуспроводен материјал. Ако фотоните на светлината кои паѓаат на него се со доволна висока честота (доволна енергија), ќе им даде на врзаните електрони доволно енергија да станат слободни електрони во полуспроводникот. Со тоа се намалува отпорот на фотоотпроникот под влијание на светлината.

ПрименаУреди

 
Контролен систем за улични светилки со фотоотпорник

Постојат разни видови на фотоотпорници. Се користат како детектори на светлина во фотоапаратите, уличното осветлување, сигурносните ноќни аларми и др. Посебни видови се користат за детекција во инфрацрвениот спектар.

МатеријалУреди

Кадмиум-сулфидот (CdS) е најчест материјал за изработка на фотоотпорници. Олово-сулфидот (PbS) и индиум-антимонидот се користат во средниот инфрацрвен спектар. Германиум-бакарните детектори се користат во подалечниот инфрацрвен спектар, во инфрацрвената астрономија и спектроскопијата.

СимболУреди

Симболот на фотоотпорникот е прикажан на сликата.

 
Симбол за фотоотпорник

Предности и маниУреди

Предности на фотоотпорникот се ниската цена и доверливоста, а мана му е спората реакција. Обично се потребни неколку секунди за полна промена на отпорот при брза промена на осветлувањето. Заради ова, за примени кои зависат од брзината на реакцијата на елементот се користат фототранзистор и и фотодиоди.

НаводиУреди

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди