Естонски фолклор

(Пренасочено од Фолклорот во Естонија)

Естонскиот фолклор е духовна традиција на естонскиот народ во кој се комбинирани верувањата, знаењата, искуството, традициите и естетиката. Тој се однесува на народните православни традиции на луѓето од Естонија, и на нивното духовно наследство, вклучувајќи ги народни верувања, обичаите, музика и други. Во традиционални рамки, фолклорот се сфаќа првенствено како традиција во руралното општество (бајки, легенди, шеги, мисли, стари народни песни, гатанки, поговорки). Денешните анегдоти, урбани легенди и така натаму се меѓу неговите посовремените концепти.

Традиционално празнување на Тајане (средно лето) во Естонија

Корени

уреди

Најраното споменување на естонското пеење датира од Саксо Граматик во неговото дело Дански подвизи (латински: Gesta Danorum - околу 1179). Саксо зборува за естонските воини кои пееле ноќе додека ја чекале битката.[1]

Хенрик од Ливонија на почетокот на 13 век ги опишува естонските жртвувања, боговите и духовите.

Во 1578 година, Балтазар Русов опишал како Естонците прославуваат Тајане (средно лето, англиски: midsummer, естонски: jaanipäev) на Денот на Свети Јован.[2] Во 1644 година, Јохан Гутслаф зборува за почитувањето на светите извори а Џ.В. Боклер[3] ги опишал суеверните верувања на Естонија во 1685 година. Естонскиот фолклор и верувања, вклучувајќи ги и примероците на народни песни, се појавуваат во делото Топографски вести од Лив и Естонија (германски: Topographische Nachrichten von Liv- und Estland ) од Август В. Хупел[4] во 1774-82. Ј.Г. фон Хердер[5] објавил седум естонски народни песни, преведени на германски во неговото дело Народни песни (1778)[6] кое потоа повторно било објавено под наслов: Гласовите на народите во песните, во 1807 година[7]

 
Збирка народно творештво - Старата харфа на Јакоб Хурт

Собирање на културното наследство

уреди

На почетокот на 19 век, во периодот на Просветителството (1750-1840) се зголемил интересот за естонскиот фолклор кај Балтичките Германи. Џ.Х Розенплентер[8] основал списание за студии по естонски јазик, литература и фолклор - Придонеси за подетално познавање на естонскиот јазик (германски: Beiträge zur genauern Kenntniss der ehstnischen Sprache). Кристијан Јак Петерсон во 1822 година објавил германски превод на Финска митологија (Mythologia Fennica). Во 1839 година, било создадено Естонското друштво за собирање и проучување на естонскиот фолклор. Водечка фигура во ова здружение бил Фридрих Роберт Фахман кој објавил бројни естонски легенди и митови на германски јазик, засновани на вистински естонски фолклор и финската митологија на Ганандер[9], "Зора и самрак" (Koit ja Hämarik ) кој се смета за еден од најубавите естонски митови од народно потекло.

Претседателот на Друштвото на естонски литерати, пасторот д-р Јакоб Херт[10] кој го сметале за "крал на естонскиот фолклор" започнал да собира естонски фолклор во 1870-тите. Вкупното собрано народно творештво на Хурт изнесува околу 12400 страници. Инспириран од работата на Хурт, Матијас Џ. Ајзен[11] започнал да собира фолклорна колекција во 1880-те, што резултирало со збирка од 90.000 страници.

 
Јакоб Хурт во 1866, собирач на естонско културно наследство

Публикации

уреди

Фридрих Рејнхолд Кројцвалд започнал да собира естонски фолклор во 1843 година[12], но тој значително ги изменил приказните. Материјалите собрани првенствено од Вирумаа биле преработени и објавени под насловот Стари приказни за естонскиот народ во 1866 година. Во 1842 година во Талин било основано Друштвотото на естонски литерати. Антологијата на Александар Х. Ноус[13] Естонски народни песни (германски: Ehstnische Volkslieder[14]) била објавена во 3 тома, во 1850-52 и се смета за прва научна публикација на естонски народни песни. Во неа се вклучени вкупно 1300 песни на естонски јазик и во германски превод.

Два тома народни песни, собрани од Јакоб Хурт, Старата харфа (Vana Kannel)[15] биле објавени во 1875-76. Уште два тома биле додадени во 1938 и 1941 година. Песните Сетус (Setukeste laulud)[16] во третата книга биле објавени во 1904-1907 година.

Проучување на фолклорот

уреди

Д-р Оскар Калас[17] (1868-1946) на Универзитетот во Хелсинки бил првиот проучувач на естонскио фолклор. По основањето на Република Естонија Валтер Андерсон бил назначен за претседател на новоформираната катедра за фолклор на Универзитетот во Тарту. Најзначајни студенти на Андерсон биле Оскар Лориц и Август Анист.

Естонскиот фолклорен архив бил основан во 1927 година а негов директор бил Оскар Лориц. Поле на проучување на Лориц била народната религија и митологија и проучувањето на естонските, ливонските и руските народни верувања. Неговото најмонументално дело Основи на народното верување на Естонија[18] било објавено во 1949-1957 година во Копенхаген. Арво Крикман и Ингрид Сарв ја собрале естонската колекција на естонски поговорки "Естонски поговорки" (1980-1988)[19].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The New Grove Dictionary of Music and Musicians; p.358 ISBN 0-333-23111-2
  2. Ritual in Early Modern Europe By Edward Muir; p.102 ISBN 0-521-84153-4
  3. Strasburg., BOECLER, Johann Heinrich, Professor of History at (1669). Elogium Christophori Forstneri. Argentorati. OCLC 557509951.
  4. „Hupel, August Wilhelm“. Lexikon des gesamten Buchwesens Online. Посетено на 2019-01-17.
  5. Herder von Groeningen. Benezit Dictionary of Artists. Oxford University Press. 2011-10-31.
  6. Herder, Johann Gottfried (2012-06). Volkslieder (англиски). Tredition GmbH. ISBN 9783847295877. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. Herder, Johann Gottfried von; Müller, J. von (1807). Stimmen der Völker in Liedern (англиски).
  8. „Rosenplänter, Johann Heinrich“. Lexikon des gesamten Buchwesens Online. Посетено на 2019-01-17.
  9. 1741-1790., Ganander, Christfrid (1822). Cristfrid Ganander Thomasson's ... Finnische Mythologie. [publisher not identified]. OCLC 616411943.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  10. Jakob., Hurt (1989). Mida rahvamälestustest pidada : artiklite kogumik. Eesti Raamat. ISBN 5450002467. OCLC 185719203.
  11. J., Eisen, Matthias (1925). Estnische Mythologie. Harrassowitz. OCLC 238817309.
  12. Kalda, Mare (2008). „Landscape with a Whining Shinbone: On a Legend in the Estonian Folk Tale Anthology by Friedrich Reinhold Kreutzwald“. Folklore: Electronic Journal of Folklore. 40: 45–72. doi:10.7592/fejf2008.40.kalda. ISSN 1406-0957.
  13. 1795-1876., Neus, H. (Alexander Heinrich) (1850–52). Ehstnische Volkslieder. Urschrift und Uebersetzung. OCLC 561987224.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) CS1-одржување: датумски формат (link)
  14. Volkslieder, Estnische (1850). Ehstnische Volkslieder, Urschrift und Uebers. von H. Neus (германски). Kluge und Ströhm.
  15. Hurt, Jakob (1875). Vana kannel: Alte harfe. Täieline kogu vanu eesti rahva lauluzid. Vollständige sammlung alter estnischer volkslieder. 1e lief (естонски). Matthiesen.
  16. Hurt, Jacob (1907). Setukeste laulud ;; Pihkva Eestlaste vanad rahvalaulud, ühes Räpinä ja Vastseliina lauludega, välja annud Dr. Jacob Hurt: Köide 3 (англиски). Soome Kirjand. Selts.
  17. Oskar., Kallas ([1923?]). Estonian folklore. [Folk Lore?]. OCLC 320074474. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  18. Loorits, Oskar. Grundzüge des estnischen Volksglaubens (германски). C. Bloms boktr.
  19. Eesti vanasõnad: 3. 10001-15140. - 1985. - 911 S. (англиски). Kirjastus Eesti Raamat. 1985.