Фолендам
Волендам (холандски: Volendam) — град во Холандија во провинцијата Северна Холандија, ѝ припаѓа на општината Едам-Волендам. Во градот живеат околу 22 000 жители (ноември 2007).
Волендам Volendam | |
---|---|
држава | Холандија |
покраина | Северна Холандија |
Општина | Едам-Волендам |
Население (ноември 2007) | 22 000 |
Историја
уредиПрвобитно, локацијата на Волендам била на пристаништето во близина на општината Едам, која се наоѓала на влезот од Амстердам. Во 1357, жителите на Едам ископале краток канал до Заудерзе со сопственото одвоено пристаниште. Тоа ја отстранило потребата за оригиналното пристаниште, кое било оштетено и се користело за одземање површина од морето. Фармерите и локалните рибари се населиле таму и формирале нова заедница Волендам што значело нешто како насипна брана. Поголемиот дел од населението припаѓа на Римокатоличката црква, кој е длабоко поврзан со културата на селото. Историски гледано, многу мисионерки, мисионери и епископи израснале во Волендам. Денес постои параклисот на Пресвета Богородица на вода, кој се наоѓа во селото во паркот.
Пожар во кафуле
уредиНа прославата на пречекот на Новата 2001 година, прскалките во кафулето Де Хемел предизвикале краток, но интензивен оган. Имено со палењето на прскалките, се запалиле сувите божиќни украси на таванот, при што таванот целосно паднал и одзел 14 животи, а сериозно биле повредени 200 лица.
Tуризам
уредиВолендам е популарна туристичка атракција во Холандија, добро познат по своите стари рибарски бродови и традиционална облека сè уште носи од страна на некои жители. Женската носија на Волендам, со својата висока капа, е една од најпрепознатливите на холандската традиционална носија, и често се вклучени во туристички разгледници и постери (иако се верува дека помалку од 50 жени се облечени во оваа носија како дел од нивниот секојдневен живот, повеќето од нив се постари)
Фудбал
уредиФK Волендам е фудбалски клуб формиран во Волендам, којшто регуларно игра во Холандската прва лига (Dutch Eredivisie) (во моментот клубот се натрпреварува во втората дизизија).
Музика
уредиВолендам исто така е познат по карактеристичниот стил на музика, која се вика „палингсоунд“ (буквално; звукот на јагулите) кој се однесува на Волендам како статус на рибарско село. Во текот на 1960 година, локална група „Мачките“ беше многу популарна група во Холандија и во странство. Уште еден бенд од Волендам беше БЗН (BZN), која стана популарна во доцните 1960-ти и раните 1970-ти. Во 1995 година БЗН извел дует со десетгодишниот Јан Смит, кој и самиот брзо станал славна личност. Популарните музички групи 3JS и Ник&Симон се славните од Волендам, чии сите членови учествувале на локалните музички изведби во текот на годините.
Сликари на Волендам
уреди- Морис Боател (1919-2007), француски сликар
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Volendam Events - Enjoy Volendam
- Tourist information about Volendam
- page about traditional costumes (Dutch)
- Page about traditional costumes Архивирано на 2 март 2009 г. (in English)
- page about typical local fishing boats (Dutch) Архивирано на 3 март 2016 г.
- Fresh fish products and take-away dinner at the harbour (Dutch)