Фокскечер (англиски: Foxcatcher) е американски филм (спортска драма) од 2014 година, во режија на Бенет Милер, а главните улоги ги играат: Стив Карел, Чанинг Татум, Марк Рафало, Сиена Милер, Ванеса Редгрејв итн. Во 2015 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во пет категории, а ја добил наградата за најдобра режија на фестивалот во Кан.

Содржина

уреди

Снимен според вистинска приказна, филмот ја раскажува приказната за необичниот однос меѓу ексцентричниот мултимилионер Џон Дипон (го игра Карел) и двајцата браќа, шампиони во борење, Марк и Дејв Шулц (ги играат Татум и Рафало). Дипон го кани Марк на својот имот за да се подготвува за Олимписките игри во Сеул. Марк ја прифаќа поканата, сакајќи да излезе од сенката на својот брат, а Дипон се надева дека преку овој благороден гест ќе ја добие поддршката во својата околина. Но, нивната соработка постепено предизвикува трагични последици.[1]


Наводи

уреди
  1. Наташа Спирова, „Спортската драма прераснува во мрачна трагедија“, Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 10.