Фло Рајда

американски рапер

Трамар Лејсел Дилард (англиски: Tramar Lacel Dillard; роден на 16 септември 1979 година),[3] професионално познат како Фло Рајда (англиски: Flo Rida, IPA: /ˌfloʊ ˈraɪ.də/) ― американски рапер, пејач и текстописец. Неговата песна „Low“ од 2007 година 10 недели била на прво место на топ-листата во САД и своевремено го соборила рекордот за продажба преку цифрено преземање.

Фло Рајда
Фло Рајда во 2016
Животописни податоци
Родено имеТрамар Лејсел Дилард
Роден(а)16 декември 1979(1979-12-16)(45 г.)
Мајами Гарденс, Флорида, САД
Жанрови
Занимања
  • Рапер
  • пејач
  • текстописец
Период на активност2000–денес
Издавачи

Дилард е роден на 16 декември 1979 година,[4] и живеел во населбата Керол Сити во Мајами Гарденс на Флорида.

Првиот студиски албум под наслов Mail on Sunday Фло Рајда го објавил во 2008; албумот се искачил на четврто место на топ-листата во САД. Следната година го објавил албумот R.O.O.T.S.. Потоа следувале албумите: Only One Flo (Part 1) (2010) и Wild Ones (2012); и овие албуми исто така се пласирале на американската топ-листа за албуми, Билборд 200. Фло Рајда продал преку 80 милиони плочи ширум светот, со што е меѓу музичарите со најмногу продадени албуми.[5] [6] Негови други популарни песни се: „Right Round“, „Club Can't Handle Me“, „Good Feeling“, „Wild Ones“, „Whistle“, „I Cry“, „GDFR“ и „My House“.

Заедно со Сенхит го претставувал Сан Марино на Изборот за песна на Евровизија 2021 година во Ротердам.[7]

Дискографија

уреди
  • Mail on Sunday (2008)
  • R.O.O.T.S. (2009)
  • Only One Flo (Part 1) (2010)
  • Wild Ones (2012)

Наводи

уреди
  1. „Why Don't We Care About Flo Rida?“. Complex. Complex Media. Архивирано од изворникот на 2021-10-20. Посетено на September 1, 2021.
  2. Flo Rida | Music Biography, Streaming Radio and Discography. AllMusic.
  3. „Today in Entertainment History“. Federal News Network. September 16, 2020. Архивирано од изворникот на February 3, 2021. Посетено на January 29, 2021.
  4. „Today in Entertainment History“. Federal News Network. September 16, 2020. Архивирано од изворникот на February 3, 2021. Посетено на January 29, 2021.
  5. Bennett, Chuck (February 19, 2016). „Society Confidential: Flo Rida hits Sabrage“. The Detroit News. Посетено на March 14, 2016.
  6. Robehmed, Natalie (October 21, 2013). „Rapper Flo Rida Endorses Debt-Riddled Beamz“. Forbes. Посетено на June 9, 2014.
  7. Flo Rida will join Senhit for San Marino 🇸🇲 - Eurovision.tv